Користење на функциите за снимање
Можете да снимате телевизиска програма или радио канал со помош на функцијата за снимање LG webOS TV.
Користење на моментално снимање
  1. Поврзете USB HDD или USB флеш уред на USB приклучок.
    Препорачливо е да снимате на USB HDD.
  2. Додека гледате емитување во живо, притиснете го копчето тркалце (OK).
  3. Притиснете го копчето Започни со снимањеЗапочни со снимање во левиот агол од екранот.
  4. Доколку сакате да го запрете снимањето, притиснете го копчето Запри со снимањеЗапри со снимање.

Екран за снимањеЕкран за снимање

Важни работи за снимањето
При снимање, притиснете го копчето тркалце (OK) за приказ на информации за снимањето.
Функционирањето на копчето тркалце (OK) може да се разликува во зависност од земјата.
Траењето на снимањето може да се постави пред да почне снимањето.
Ако се поврзани повеќе USB мемориски уреди, автоматски се избира последниот снимен мемориски уред.
Слободниот простор на USB HDD мора да изнесува најмалку 1 GB.
Мора да имате најмалку 4 GB слободен простор на USB флеш уредот.
Времето на снимање може да се разликува во зависност од капацитетот на вашиот USB мемориски уред.
Кога USB флеш уредот снима за прв пат, телевизорот врши тест за перформансите. Можете да снимате само откако тестот ќе се комплетира.
Поради користењето на технологијата за заштита на содржини, снимениот видео запис не може да се репродуцира на компјутери или на други ТВ модели. Исто така, видео записот не може да се репродуцира доколку е заменета електронската компонента за видео на телевизорот.
Ако нема поврзан USB мемориски уред, снимките се складираат во внатрешната меморија. Поврзете USB уред за да зачувате повеќе снимки.
(Оваа функција е достапна само кај одредени модели или во одредени земји.)
Не отстранувајте го USB кабелот при снимање.
Доколку присилно го исклучите телевизорот за време на снимање, снимената содржина може да не биде зачувана. Идеално, пред исклучување на телевизорот би требало да го запрете снимањето и да проверите дали програмата е снимена.
Доколку USB уредот е неисправен, функцијата Time Machine може да не работи правилно.
USB меморискиот уред може да не работи или функционира правилно кога се користи USB хаб или продолжителен кабел.
Бидејќи може да се користи мемориски уред и за други причини освен за Time Machine, снимањето може да биде запрено ако нема доволно слободен мемориски простор. Се препорачува да користите мемориски уред со доволно мемориски простор.
За време на снимањето, можете да гледате други канали или да користите други функции.
(Оваа функција е достапна само кај одредени модели или во одредени земји.)
Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од моделот.
Некои функции може да не се достапни додека е во тек снимањето.
Аналогните снимања се достапни само кај одредени модели.
Можете да го користите само каналот кој го снимате и бесплатните канали кога снимате кодиран канал.
За одредени ULTRA HD модели, доколку ULTRA HD содржините се репродуцираат при снимање на аналогна програма, снимањето ќе се зачува и автоматски ќе запре.
За одредени ULTRA HD модели, доколку се снима аналогна програма додека се репродуцира содржина или програма емитувана во ULTRA HD, каналот автоматски ќе се префрли на аналогно.
Каналите поврзани во COMPONENT IN и HDMI IN не се снимаат кога се снима преку влез.
(Приклучокот COMPONENT IN е достапен само кај одредени модели.)
Bluetooth и USB приклучокот може да не функционираат правилно кога се врши снимање со USB уред.
Снимките кои се пократки од 10 секунди нема да се зачуваат.
Можете да зачувате до 600 содржини на еден слободен простор.