За да го гледате PC екранот на телевизорот
Поврзете се безжично
  1. Притиснете го копчето ПОЧЕТОКПОЧЕТОК на далечинскиот управувач.
  2. Активирајте ја апликацијата Screen Share.
  3. Додадете уред за безжично поврзување на вашиот компјутер.
    Доколку оперативниот систем на вашиот компјутер е Windows 7 или Windows 8, стартувајте го Intel® WiDi.
  4. Вашиот телевизор ќе биде прикажан на листата на достапни уреди.
  5. Изберете го вашиот телевизор и побарајте поврзување.
  6. Откако ќе се воспостави поврзување, телевизорот ќе го прикаже екранот на поврзаниот уред.
Препорачливо е да го ажурирате уредот кој е поврзан на вашиот телевизор на најновата верзија на OS за стабилно поврзување.
Се препорачува да ја користите оваа функција на мала оддалеченост.
Иако може да се поврзе без безжичен рутер, се препорачува да го поврзете вашиот уред на рутер од 5 GHz бидејќи опкружувањето може да влијае на безжичните перформанси.
Го поддржува поврзувањето преку Intel® WiDi верзија 3.5.
Стапката на одзив може да се разликува во зависност од корисничкото опкружување.
Се разликува од верзијата на Windows. За повеќе информации околу уредот на кој сакате да се поврзете, погледнете во упатството на соодветниот уред.
Режим на слушање може да влијае на перформансите на безжичното поврзување при поврзување со AP. Доколку има проблеми поврзани со безжичното функционирање, се препорачува да се исклучи Режим на слушање.
За повеќе информации, погледнете во апликацијата Screen Share.
Доколку врската постојано се прекинува, исклучете го телевизорот и уредот на кој сакате да се поврзете, а потоа повторно вклучете ги.
Поврзување со кабел
Поврзете го компјутерот со телевизорот со HDMI кабел.