За да го гледате екранот од мобилниот уред на телевизорот
-
Притиснете го копчето
на далечинскиот управувач.
- Активирајте ја апликацијата Screen Share.
- Овозможете го режимот Miracast на мобилниот уред.
- Вашиот телевизор ќе биде прикажан на листата на достапни уреди.
- Изберете го вашиот телевизор и побарајте поврзување.
- За започнување на поврзувањето ќе се појави порака “Се поврзува...”.
- Откако ќе се воспостави поврзување, телевизорот ќе го прикаже екранот на поврзаниот уред.
Препорачливо е да го ажурирате уредот кој е поврзан на вашиот телевизор на најновата верзија на OS за стабилно поврзување.
Уред кој не е од марката LGE можно е да не се поврзе дури и кога е откриен.
Се препорачува да го поврзете уредот со рутер од 5GHz затоа што вашето безжично опкружување може да влијае на перформансите.
Стапката на одзив може да се разликува во зависност од корисничкото опкружување.
Има разлики помеѓу уредите. За повеќе информации околу уредот на кој сакате да се поврзете, погледнете во упатството на соодветниот уред.
Режим на слушање може да влијае на перформансите на безжичното поврзување при поврзување со AP. Доколку има проблеми поврзани со безжичното функционирање, се препорачува да се исклучи Режим на слушање.
Доколку врската постојано се прекинува, исклучете го телевизорот и уредот на кој сакате да се поврзете, а потоа повторно вклучете ги.