Користете ги копчињата Диспензер 1 и Диспензер 2 за да ја поставите и контролирате функцијата ezDispense.
Копче Диспензер 1
Копче Диспензер 2
Индикатор за копчиња
Индикатор за течен детергент
Индикатор за алка (користење само на течен детергент во двете прегради)
Индикатор за копчиња
Индикатор за течен омекнувач на ткаенина
Можеби трепка индикаторот за детергент или омекнувач и можеби се огласува звучен сигнал, дури и ако има доволно детергент или омекнувач за приближно 2 до 4 програми за перење;
Ако индикаторот за течен детергент d и индикаторот за копчињата c, f трепкаат и се огласува звучен сигнал, ставете детергент во преградата до линијата MAX.
Ако индикаторот за течниот омекнувач g и индикаторот за копчиња f трепкаат и се огласува звучен сигнал, ставете омекнувач во преградата до линијата MAX.
Стандардните поставки се конфигурираат за диспензирање детергент од Диспензер 1 и омекнувач на ткаенина од Диспензер 2.
Притиснете на копчето Напојување.
Свртете го копчето за да го изберете посакуваниот циклус.
Притиснете го копчето Диспензер 1 или Диспензер 2 за зголемување на диспензираната количина од стандардно.
Индикатор за копчиња | Диспензирана количина*1 |
|---|---|
Повеќе (110%) | |
Средно (100%) | |
Помалку (90%) | |
Исклучено (0%) |
Стандардните поставки се конфигурирани да диспензираат 42 ml детергент и 30 ml омекнувач за 4-6 kg на нормално извалкана облека.
Притиснете на копчето Старт/Пауза.
Користете ги препораките на производителот на амбалажата на детергентот или омекнувачот на ткаенина кога ги одредувате количините ezDispense за стандардно полнење од 4-6 kg.
Повеќе циклуси автоматски ќе ги употребат стандардните количини што сте ги одредиле, што е укажано со LED-сијаличката за нормална количина на копчињата Диспензер 1 и Диспензер 2.
Циклусите Delicates (Деликатна облека), Hand/Wool (Рачно/Волна), Dry Only (Само сушење) и Tub Clean (Чистење на корито под барабан) ја исклучуваат функцијата ezDispense стандардно.
Стандардните поставки се конфигурирани да диспензираат 42 ml детергент и 30 ml омекнувач за 4-6 kg на нормално извалкана облека.
Користете го детергентот за перење согласно упатствата на производителот на детергентот и изберете го согласно видот, бојата, нечистотијата и температурата за перење.
Притиснете на копчето Напојување.
Менување на стандардните количини на диспензирање.
Диспензер 1: Притиснете и држете го копчето Диспензер 1 3 секунди.
Диспензер 2: Притиснете и држете го копчето Диспензер 2 3 секунди.
Свртете го копчето за зголемување или намалување на количината детергент или омекнувач на ткаенина. Количината е прикажана на приказот.
Стандардните количини може да се зголемат или намалат за 1 ml, во опсег од 9 ml до 150 ml. Диспензираната количина може да варира малку зависно од моделот.
Зачувајте ги промените на стандардни вредности.
Диспензер 1: Притиснете и држете го копчето Диспензер 1 3 секунди.
Диспензер 2: Притиснете и држете го копчето Диспензер 2 3 секунди.
Ако ги поставите двата диспензера за течен детергент, не можете да го користите диспензерот за течен омекнувач за да ставите течен омекнувач.
Ако сакате да употребите течен омекнувач:
По завршувањето на програмата, изберете Rinse+Spin (Плакнење+Центригуфање)(стандардна програма на циклусот на преземање) и додајте омекнувач директно во барабанот или во рачната преграда за детергент за главно перење.
Ако сте download-ирале циклус на преземање, Rinse+Spin (Плакнење+Центригуфање) не е достапно.
Притиснете на копчето Напојување.
Притиснете и држете ги копчињата Диспензер 1 и Диспензер 2 истовремено 3 секунди.
Притиснете го копчето Диспензер 1 за да засвети индикаторот за алка b.
Индикаторот за течен детергент a свети секогаш.
Кога индикаторот за алка b е избран, копчето Диспензер 2 не може да се користи.
Притиснете ги и држете ги 3 секунди копчињата Диспензер 1 и Диспензер 2 истовремено за да ги зачувате промените.
Притиснете на копчето Напојување.
Притиснете и држете ги копчињата Диспензер 1 и Диспензер 2 истовремено 3 секунди.
Притиснете го копчето Диспензер 2 за да засвети индикаторот за течен детергент c.
Притиснете ги и држете ги 3 секунди копчињата Диспензер 1 и Диспензер 2 истовремено за да ги зачувате промените.
Користете ја оваа функција за да го промените типот на детергент или омекнувач. Оваа функција чисти остаток на детергент или омекнувач во цревото поврзано со ezDispense a (при промена на типот на детергент или омекнувач).

Пуштајте ја оваа функција еднаш месечно (или почесто ако е потребно) за да го отстраните наталожениот детергент и другите остатоци.
Ако не ја чистите преградата ezDispense, ќе заостане детергент или омекнувач во поврзаното црево.
Ако ја користите оваа функција, може да предизвикате создавање пена во барабанот.
Измијте ја преградата ezDispense што треба да се исчисти. Погледнете во делот Периодично чистење на уредот во поглавјето ОДРЖУВАЊЕ за дополнителни детали.
Наполнете ја преградата што треба да се чисти со вода до линијата MAX.
Притиснете на копчето Напојување.
Притиснете го и држете го копчето Spin (Центрифуга) 3 секунди за да го исчистите поврзаното црево. Кога е избрана таа опција, се појавува dcL на приказот.
Притиснете го копчето Диспензер 1 или Диспензер 2 за да ја изберете преградата што треба да се чисти.
Двете прегради може да се чистат истовремено.
Притиснете го копчето Старт/Пауза. Оваа функција завршува во рок од 16 минути.