Што претставува Препознавање на движењето?
Телевизорот можете да го контролирате едноставно преку одредени потези со рацете кон камерата.
Функцијата за Препознавање на движењето можете да ја користите за исклучување на телевизорот, за менување на канали и за контрола на јачината на звукот.
Препознавање на движењето функционира само кога гледате телевизија и не е поддржано кога го користите smart менито, на пример при поврзување безжични уреди, вклучувајќи ТВ апликации и USB приклучоци.
Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.

Finger Gesture

Овозможување на препознавање на движењето (потез со прст)
  1. Подгответе ја Smart TV камерата за употреба. Ако вашиот Smart телевизор не е опремен со камера, инсталирајте LG камера за видео повици. (За повеќе информации, погледнете во упатството за инсталирање на LG Smart телевизорот или во упатството за камерата.)
  2. Камерата ќе се активира 20 до 30 секунди откако телевизорот ќе се вклучи.
  3. Проверете дали HomeSettingsОпштоПрепознавање на движењеПрепознавање на движење е поставено на Вклучено.
  4. Гледајте во камерата и подигнете ја раката во близина на лицето при што вашиот показалец треба да биде исправен и да покажува нагоре додека гледате телевизија. Контролерот за препознавање на движењата ќе се појави на екранот. (Опсегот за препознавање на движењата на камерата можете да го проверите во HomeSettingsОпштоПрепознавање на движењеПРИЛАГОДЕТЕ ГО АГОЛОТ НА КАМЕРАТА.)

    Use Finger Gesture

  5. Придвижете ја раката налево или надесно за да изберете функција. Свиткајте го и потоа исправете го вашиот показалец за да ја активирате функцијата.
Во зависност од моделот или регионот, ова може да се постави во менито Наредби за глас и гестови
Движењето може да не биде детектирано во следните случаи:
Движењето нема да биде детектирано во следните случаи:
Со раката склопчена во тупаница, доближете го средниот дел од показалецот до средината на вашите усни. Ова ќе ја изврши наредбата Исклучи звук.
Препознавањето на движењето се активира само во режим за гледање телевизија и режим на влез.
Кај уредите поврзани преку USB приклучок или безжична врска, некои функции не може да се управуваат преку препознавање на движењето.
Доколку повеќе луѓе се обидат истовремено да активираат препознавање на движењата, само првиот потез ќе биде препознаен. За да ја користите другата рака за управување со контролерот, спуштете ја едната рака долу за да исчезне контролерот од екранот и потоа подигнете ја другата рака.
Внимавајте да не ја движите раката премногу брзо или да не правите премногу големи движења. Ова може да предизвика неправилно функционирање на камерата. Бавно придвижувајте ја дланката во близина на вашето лице.
Доколку функцијата за препознавање на движењето не работи правилно, спуштете ги рацете и потоа повторно подигнете ги.
Доколку вашиот показалец е свиткан под агол, камерата може да не го препознае, или пак може да го препознае како свиткан прст и да изврши одредена функција.