Впарување на далечинскиoт управувач за магично движење
Мора да го впарите далечинскиoт управувач за магично движење со LG Smart телевизорот за да го користите.
Впарете го далечинскиoт управувач за магично движење пред употреба на следниот начин:
  1. Вклучете го телевизорот. По околу 10 секунди, насочете го далечинскиот управувач кон телевизорот и потоа притиснете тркалцето (OK).
  2. Далечинскиот управувач автоматски ќе се регистрира, и на TV екранот автоматски ќе се прикаже порака за завршување на впарувањето.
Ако не успеете да го регистрирате далечинскиoт управувач за магично движење, исклучете го телевизорот и обидете се повторно.
Пререгистрирање на далечинскиoт управувач за магично движење
  1. Притиснете и задржете ги копчињата Home и Back истовремено и задржете околу 5 секунди.
  2. Притиснете на тркалцето (OK) додека го насочувате далечинскиот управувач кон телевизорот за пререгистрирање на далечинскиoт управувач за магично движење.
Истовремено притиснете ги копчињата Home и Back во траење од 5 секунди за да се ресетира далечинскиот управувач за магично движење.
Притиснете го копчето Exit во траење од пет секунди со истовремено насочување на далечинскиот управувач кон телевизорот заради ресетирање и пререгистрирање.
Поставување на покажувачот на далечинскиот управувач за магично движење
HomeSettingsПристапностОпција за покажувач
Овде, можете да ја поставите брзината на покажувачот и формата додека е на екранот.
Брзина на следење Поставување на брзината на покажувачот.
Големина Избор на големина на покажувачот.
Ако покажувачот не се користи одредено време, тој ќе исчезне. Кога покажувачот ќе исчезне од екранот, затресете го далечинскиот управувач за магично движење надесно и налево. Потоа, тој повторно ќе се појави.
Ако покажувачот не функционира рамномерно, тогаш можете да го ресетирате покажувачот со тоа што ќе го поместите до работ на екранот.
Покажувачот ќе исчезне ако ги притиснете копчињата за горе, долу, лево или десно и далечинскиот управувач ќе работи како конвенционален далечински управувач.
Далечинскиот управувач користете го во рамките на наведениот опсег (до 10 метри). Можно е да се појават проблеми во комуникацијата кога уредот се користи надвор од опсегот на покривање или доколку има пречки во рамките на опсегот на покривање.
Можно е да се појават проблеми во комуникацијата при користење на дополнителна опрема. Уредите како микробрановите печки или безжичните LAN мрежи го користат истиот фреквентен опсег (2,4 GHz) како и далечинскиот управувач за магично движење. Ова може да предизвика проблеми во комуникацијата.
Ударите може да предизвикаат неправилно функционирање на далечинскиот управувач за магично движење.
Кога го употребувате далечинскиот управувач за магично движење, внимавајте да не го удрите во мебел, електронска опрема или во други луѓе.