Користење на Универзална контрола
[Оваа функција се однесува само на Далечинскиот управувач за магично движење.]
[Оваа функција е достапна само во одредени земји.]
Можете да контролирате уреди како што се вашиот дигитален приемник, Blu-ray плеер или домашно кино.
[Оваа функција е достапна само во одредени земји.]
Можете да контролирате уреди како што се вашиот дигитален приемник, Blu-ray плеер или домашно кино.
- Проверете дали уредот кој сакате да го поставите е поврзан со вашиот телевизор.
- Откако ќе го притиснете копчето
на Далечинскиот управувач за магично движење, изберете го уредот кој сакате да го контролирате од листата Избор на уреди.
Доколку не можете да ги најдете уредите кои ги барате, одете на
СИТЕ ВЛЕЗОВИ. Кликнете тука за да ги погледнете напатствијата за Влез. - Кога ќе изберете уред од листата Избор на уреди, Далечинското управување на екран ќе се промени за да го контролира уредот.
За прикажување на повеќе контролни копчиња, изберете
во долниот дел од Далечинското управување на екран.
Промена или откажување на поставките за Универзална контрола
Одете на 
СИТЕ ВЛЕЗОВИ и изберете го посакуваниот уред. Доколку изберете ПОСТАВИ УНИВЕРЗАЛНА КОНТРОЛА, можете да ги поставите или да ги откачите влезовите.

СИТЕ ВЛЕЗОВИ и изберете го посакуваниот уред. Доколку изберете ПОСТАВИ УНИВЕРЗАЛНА КОНТРОЛА, можете да ги поставите или да ги откачите влезовите. Кога ги менувате поставките, проверете дали уредот на кој треба да се извршат промените е вклучен.
Можете да поставувате само еден уред од одреден тип.
Со помош на Далечинското управување на екран, можете да контролирате само уреди од марка или производител кои се наведени на екранот за поставување.
Ако се поврзете на мрежа пред поставување на Универзалната контрола, ќе биде достапно најновото ажурирање за поддржаната листа на производители.
Одредени копчиња може да не функционираат во зависност од моделот на надворешниот уред.
Поставете го уредот блиску до телевизорот за полесно управување.
Ако уредот е во фиока, отворете ја фиоката.
Универзалната контрола може да не функционира правилно доколку рачно веќе сте доделиле броеви на канали кои се разликуваат од оригиналните броеви на каналите на дигиталниот приемник.