Користење на безжично/со кабел USB глувче
Поврзете го глувчето на USB приклучокот. Користете го глувчето за придвижување на покажувачот на TV екранот и избирање на саканото мени.
Глувче Далечински управувач за магично движење
Лево копче OK копче на далечинскиот управувач за магично движење
Копче на тркалце Копче на тркалцето (OK) на далечинскиот управувач за магично движење
Десното копче и специјалните копчиња на глувчето нема да функционираат.
При користење на безжично USB глувче/тастатура, далечината и безжичното опкружување влијаат на доживувањето.
Користење на безжична/со кабел USB тастатура
Поврзете ја тастатурата на USB приклучокот. Со помош на тастатурата можете да внесете текст при користење на функцијата за пребарување и интернет.
На некои екрани не е можно внесување на текст.
Се препорачува користење на производи чија компатибилност со LG телевизорите е тестирана.
LOGITECH K360, LOGITECH K400, LOGITECH K750, LG Electronics MKS-1200
Јазикот на внес можете да го промените преку притиснување на копчето за промена на јазик (или десното Alt копче) на тастатурата.
На користењето на безжичната USB тастатура може да влијае опсегот на користење и безжичното опкружување.
За да внесете текст во полето за текст, користете ја тастатурата на вашиот ТВ екран или USB тастатура.
Користење на џојпад
Поврзете го вашиот џојпад на USB приклучокот на телевизорот доколку за играта е потребен џојпад.
Се препорачува користење на џојпади чија компатибилност со LG телевизорите е тестирана.
LOGITECH F310, LOGITECH F510, LOGITECH F710, LOGITECH Rumblepad 2, LOGITECH Cordless Rumblepad 2, LOGITECH Dual Action Gamepad, MICROSOFT Xbox 360 Controller (со кабел), SONY Playstation(R)3 Controller