Што претставува Q Voice?
Q Voice ви овозможува да пребарувате програми и содржини и да го контролирате LG Smart телевизорот со помош на вашиот глас.
  1. Притиснете го копчето Микрофон на Далечинскиот управувач за магично движење.
  2. Изговорете ја посакуваната наредба кога ќе се прикаже прозорецот со приказ на информации за препознавање на говор во долниот лев агол на ТВ екранот како што е прикажано подолу.

Q Voice

Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.
Како да користам Q Voice?
За да ја користите секоја функција на Q Voice, морате да ги поставите опциите за мрежа, програма, регион и време.
Морате да поставите Јазик за препознавање на говор за избраната земја за да користите Q Voice.
Јазикот за препознавање на говор може да се промени во SettingsОпштоЈазикЈазик за препознавање на говор.
Во зависност од вашата земја, Q Voice може да се користи без поставување на региони или програми.
Стапката на препознавање на говор на Q Voice може да се разликува во зависност од карактеристиките на корисникот (јачина на глас, изговор, интонација и брзина) и опкружувањето (ниво на шум и јачина на звук на телевизор).
За да ја подобрите точноста на препознавањето на говор, мора да говорите јасно и гласно на растојание од околу 10 см од микрофонот на Далечинскиот управувач за магично движење.
Доколку вашиот глас не биде правилно препознаен, Q Voice може да функционира без разлика на вашата намера.
Кога користите Q Voice на Далечинскиот управувач за магично движење откако ќе го поврзете дигиталниот приемник на LG Smart телевизорот, ви советуваме да го насочите Далечинскиот управувач за магично движење кон дигиталниот приемник откако ќе заврши препознавањето на говор.
Кои функции може да ги разбере Q Voice?
Можете да пристапите кон разни функции на телевизорот со користење на Q Voice.
Пребарување и препораки Пребарува и препорачува емитувана програма и содржини.
Канали Менува ТВ канали или прикажува информации за програмата.
Time Machine Ја овозможува функцијата за снимање на функцијата Time Machine.
Информации и интернет Пребарува временска прогноза и ви овозможува да пребарувате на интернет.
Достапните функции може да се разликуваат во зависност од земјата.
За повеќе примери на поддржани наредби, погледнете во гласовниот водич.