Пред да пријавите проблем
Доколку имате некои од долунаведените проблеми при користење на производот, ве молиме проверете го следново: Можно е да нема проблем кај производот.
Неисправна работа
Проблем
Решение
Не можам да видам некои програми.
  • Прилагодете ја позицијата или насоката на антената.
  • Зачувајте ги саканите програми во Автоматско бирање или Уредување на програми.
Екранот не се појавува одредено време по вклучувањето.
  • Ова се случува затоа што во тек е процес за отстранување на шумот за да го елиминира евентуалниот шум кој може да се јави при вклучување. Ова не значи дека производот е неисправен.
[EU] SCART излезниот сигнал не е нормален.
  • Кога во заднината работи апликација за репродукција на мултимедиумски фајлови, SCART излезот може да не биде достапен.
Проблеми со екранот
Проблем
Решение
Екранот се преклопува или има линии на сите програми или на одредена програма.
  • Свртете ја антената кон станиците за емитување или поврзете ја антената правилно во согласност со делот "Како да поврзете антена".
Екранот се тресе по моменталното појавување на вертикални/хоризонтални линии и мрежи.
  • Престанете со употреба на уреди како што се безжични телефони, фенови за коса, електрични дупчалки итн. Проблемот е предизвикан од високофреквентни електронски уреди како друг телевизор или моќни електромагнетски извори.
Дигитално емитуваната програма запира или сликата е испрекината.
  • Ова се случува кога сигналот е слаб или приемот е нестабилен. Прилагодете ја насоката на антената или проверете го поврзувањето со кабел.
  • Ако јачината на сигналот е слаба во Рачно бирање, обратете се до станиците за емитување или до оддел за управување за проверка на сигналот.
Не можам да гледам дигитален пренос иако користам кабелска телевизија.
  • Проверете ги информациите за вашата претплата со вашиот обезбедувач на кабелска телевизија или побарајте да се провери сигналот.
    (Некои производи не нудат дигитален пренос.)
Екранот е празен или сликата е заматена кога се користи HDMI кабел.
  • Проверете дали HDMI® кабелот ги задоволува бараните стандарди. Ако не е сертифициран HDMI® кабел, екранот може да трепери или да не прикажува ништо.
  • Проверете дали кабелот е правилно поврзан. Неправилното поврзување може да предизвика треперење на екранот.
Не функционира кога ќе поврзам USB уред.
  • Проверете дали верзиите на USB уредот и USB кабелот се 2.0 или понови.
Проблеми со звукот
Проблем
Решение
Екранот е добар, меѓутоа не репродуцира никаков звук.
  • Обидете се со друга програма.
  • Проверете дали Звучен излез е поставено на ТВ звучник.
Стерео звукот не е јасен на аналогна програма, или нема звук на еден од звучниците.
  • [Се однесува само на земјите каде што е достапно пренесување на звук со мултиплексирање.]
    Изберете Моно во Повеќекратно аудио ако сте надвор од опсегот или пренесувањето на звук со мултиплексирање не е стабилно.
  • Прилагодете го балансот како што е потребно со копчето за навигација во Баланс.
TV звукот не е синхронизиран со сликата, или звукот понекогаш се губи.
  • Ако ова се случува само кај некои програми, можно е да е предизвикано од преносниот сигнал на компаниите за емитување. Ве молиме обратете се на вашиот обезбедувач на телевизиска услуга (кабелска) да го дијагностицира проблемот.
Јачината на звукот се менува кога ја менувам програмата.
  • Јачината на звукот на различните излези при пренос на станиците за емитување може да се разликува.
  • Поставете ја функцијата Авто. јачина на звук на Вклучено.
Кај одредени програми звукот не функционира или се репродуцира музика во заднина.
(Програми создадени за извоз од страна на компаниите за емитување)
  • Поставете ги посакуваните вредности за јазик во ЈазикАудио јазик.
Звукот не се репродуцира кога ќе поврзам уред на HDMI/USB приклучокот.
  • Проверете дали користите HDMI® кабел со голема брзина.
  • Проверете дали верзиите на USB уредот и USB кабелот се 2.0 или понови.
  • Користете нормален музички фајл (*.mp3).
Проблеми при поврзување со PC
Проблем
Решение
Екранот останува празен откако ќе се поврзе на PC.
  • Проверете дали компјутерот е правилно поврзан на телевизорот.
  • Со помош на далечинскиот управувач исклучете го телевизорот и повторно вклучете го.
  • Рестартирајте го компјутерот додека телевизорот е вклучен.
  • Проверете дали тековната резолуција на екранот го поддржува PC влезот.
  • За да користите двоен монитор, проверете дали компјутерот или лап-топот поддржува режим на двоен монитор.
  • Повторно поврзете го HDMI кабелот.
Звукот не се репродуцира кога компјутерот е поврзан со HDMI кабел.
  • Обратете се кај производителот на видео картичката за да го проверите HDMI аудио излезот.
    (Видео картичките дизајнирани за употреба со DVI формат на фајлови треба да се поврзат одделно со аудио кабел.)
Екранот е отсечен или поместен на една страна откако ќе се поврзе на PC.
  • Поставете резолуција која го поддржува PC влезот.
    (По промена на резолуцијата, рестартирајте го вашиот компјутер.)
Проблеми при прикажување на SmartShare филм.
Проблем
Решение
Не можам да најдам фајл на Видеа.
  • Проверете дали фајловите на USB меморискиот уред може да се исчитаат на PC.
  • Проверете дали екстензијата на фајлот е поддржана.
Добивам порака која вели "Овој фајл не е поддржан" или пак звукот се репродуцира нормално, но не и видеото.
  • Проверете дали фајлот се репродуцира без никакви проблеми на видео плеер на PC. (Проверете дали има оштетувања на фајлот)
  • Проверете дали резолуцијата е поддржана.
  • Проверете дали видео/аудио кодекот е поддржан.
  • Проверете дали рамката е поддржана.
Добивам порака која вели "Овој звук не е поддржан" или видеото се репродуцира нормално, но не и звукот.
  • Проверете дали фајлот се репродуцира без никакви проблеми на видео плеер на PC. (Проверете дали има оштетувања на фајлот)
  • Проверете дали аудио кодекот е поддржан.
  • Погледнете дали бит-стапката е поддржана.
  • Погледнете дали стапката на примероци е поддржана.
Не можам да ги видам титловите.
  • Проверете дали фајлот се репродуцира без никакви проблеми на видео плеер на PC. (Проверете дали има оштетувања на фајлот)
  • Проверете дали видео и фајловите со титлување го имаат истото име.
  • Исто така, проверете дали видео фајлот и фајлот со титлување се во истиот фолдер.
  • Проверете дали форматот на фајлот со титлување е поддржан.
  • Проверете дали јазикот е поддржан.
    (Можете да го проверите јазикот на фајлот со титлување со отворање на фајлот во Notepad.)
Smart функции
Проблем
Решение
Кога ќе влезам на мени, секогаш ми се појавува пораката "Вчитување...".
  • Пораката Вчитување... го означува времето на вклучување на компјутерот и хардверот, поставувањето на мрежната комуникација или времето на комуникација со SDP (авторизација на уред и преземање на основни информации). Постапката обично трае околу 20 секунди.
Процес на регистрација
Проблем
Решение
Веќе се имам зачленето на телевизорот. Дали морам повторно да се зачленам на веб-сајтот (www.lgappstv.com)?
  • Доколку веќе сте се зачлениле на вашиот телевизор, нема потреба повторно да се зачленувате на веб-сајтот.
    Можете да се најавите на веб-сајтот со користење на истиот ID и лозинката, и со внесување на дополнителните информации за комплетирање на постапката за e-mail проверка.
Дали е можно членови на семејство да користат различни ID на истиот телевизор?
  • Можете да регистрирате по неколку ID по телевизор.
Го заборавив мојот ID. Што треба да направам?
  • Ако сте се регистрирале на PC, можете да го најдете вашиот ID на веб-сајтот (www.lgappstv.com).
Во некои земји, пристапот до веб-сајтот (www.lgappstv.com) можно е да биде забранет.
Проблеми со содржините
Проблем
Решение
Не можам да видам никаква содржина на почетната страница.
  • Можно е да не можете да ги видите содржините ако се променети поставките за земјата на услуга. Променете ја земјата на услуги од каде што ќе користите услуги во HomeSettingsОпштоЛокацијаЗемја на LG услуги.
Интернет пребарувач
Проблем
Решение
Некои делови од одреден веб-сајт не се гледаат кога користам интернет.
  • На Веб-пребарувачот може да не биде возможно да се репродуцираат медиски фајлови во формати различни од:
    JPEG/PNG/GIF
Интернет пребарувачот автоматски се затвора кога посетувам некој веб-сајт.
  • Интернет пребарувачот можеби е присилен да се затвори ако достапниот мемориски простор не е доволен да ги смести информациите со слики за одреден веб-сајт.
Информациите на сервисот за корисници во врска со проблемите со производите се достапни на HomeSettingsОпштоВо врска со телевизорот на телевизорот.