Поставување на мрежа - предупредување
Користете стандарден LAN кабел (Cat5 или повисоко со RJ45 приклучок, 10 Base-T или 100 Base TX LAN приклучок).
Ресетирањето на вашиот модем може да предизвика проблеми кај поврзувањето на мрежа. За разрешување на проблемот, исклучете го напојувањето, прекинете ја врската и повторно поврзете се, и потоа вклучете го напојувањето.
LG Electronics не е одговорен за какви било проблеми со поврзувањето на мрежа, или какви било дефекти, неисправно функционирање и грешки предизвикани од мрежната врска.
Мрежното поврзување може да не функционира правилно во зависност од обезбедувачот на интернет услугата.
За DSL услугата потребен е DSL модем; за кабелската услуга потребен е кабелски модем. Може да биде достапен само ограничен број на мрежни врски, а мрежното поставување на телевизорот може да не биде достапно во зависност од вашиот договор со обезбедувачот на интернет услугата (ISP). (Ако е дозволен само еден уред по линија и ако вашиот PC веќе е поврзан, други уреди нема да може да се користат.)
Безжичните мрежи може да подлежат на пречки од други уреди кои работат на фреквенција од 2,4 GHz (безжични телефони, Bluetooth уреди или микробранови печки). Исто така, можна е и појава на пречки од уреди кои работат на фреквенција од 5 GHz, исто како и другите Wi-Fi уреди.
Постоечкото безжично опкружување може да предизвика бавно функционирање на мрежната услуга.
Ако не ја исклучите целата локална домашна мрежа, кај некои уреди може да се јави мрежен сообраќај.
За AP поврзување, потребен е уред за пристапна точка кој поддржува безжично поврзување и функцијата за безжично поврзување на уредот мора да биде активирана. Во врска со достапноста на безжичното поврзување на вашата пристапна точка, обратете се до вашиот обезбедувач на услугата.
Проверете го SSID идентификаторот и сигурносните поставки на AP за AP поврзувањето. Разгледајте ја соодветната документација за SSID идентификаторот и сигурносните поставки на AP.
Невалидните поставки на мрежните уреди (споделувач на линија со кабел/безжичен, хаб) може да предизвикаат бавно или неправилно функционирање на телевизорот. Правилно инсталирајте ги уредите во согласност со соодветните прирачници и поставете ја мрежата.
Методот на поврзување може да се разликува во зависност од производителот на AP.