Користење на Intel® WiDi
Притиснете Home и потоа кликнете на Home_right на долната десна страна на почетната страница. Можете да ја активирате апликацијата Screen Share.
  1. Активирајте Intel® WiDi на уредот кој сакате да го поврзете.
  2. Вашиот телевизор ќе биде прикажан на листата на достапни уреди.
  3. Изберете вашиот телевизор да побара поврзување, и на TV екранот ќе се појави порака која од вас ќе побара да внесете PIN број со 8 цифри.
  4. Внесете го PIN бројот и изберете Поврзување.
  5. Откако ќе се воспостави поврзување, телевизорот ќе го прикаже екранот на поврзаниот уред.
При поврзување преку Intel® WiDi, се препорачува да го поставите уредот блиску до телевизорот.
Иако Intel® WiDi може да се поврзе без безжичен рутер, за оптимално функционирање се препорачува прво да се поврзе безжичниот рутер.
Го поддржува поврзувањето преку Intel® WiDi 3,5 верзија.
Се препорачува да го поврзете уредот со 5GHz рутер затоа што вашето безжично опкружување може да влијае на перформансите.
Стапката на одзив може да се разликува во зависност од корисничкото опкружување.
За повеќе информации околу уредот на кој сакате да се поврзете, погледнете во упатството на соодветниот уред.