Користење на активатор
Активаторот ви овозможува да активирате разни ТВ функции и да ја прегледувате вашата историја.
Притиснете Home на далечинскиот управувач за магично движење. Можете да ги проверите и активирате апликациите инсталирани на телевизорот.

Launcher_Main

  1. Settings Поставки: Можете да поставите Брзи параметри, Слика, Звук, Мрежа, Општо, Безбедност и Пристапност.
    Input Влезови: Поставки за Влезови.
  2. Изберете за да отворите/затворите неодамна користени функции.
  3. Изберете за да видите Неодамнешно.
  4. Изберете за да видите Список со апликации.
Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.
Користење на Неодамнешно
Притиснете Home_left на долната лева страна на почетната страница за да видите листа на неодамна користени функции.
Користење на Список со апликации
Кликнете на Home_right на дното на екранот за да ја погледнете листата на сите инсталирани апликации на вашиот телевизор и за да активирате некоја од нив.
Можете да преместите или да избришете апликација преку Список со апликации.
  1. Од листата изберете ја апликацијата која сакате да ја преместите на друго место. Држете го притиснато копчето Тркалце (OK) на вашиот далечински управувач за магично движење и насочете го далечинскиoт управувач за магично движење кон саканата локација.
  2. Кога апликацијата ќе биде поставена на саканата локација, ослободете го копчето Тркалце (OK).
Исто така, можете да ги користите копчињата за навигација на вашиот обичен далечински управувач или на далечинскиoт управувач за магично движење за да го промените редоследот на апликациите.