Што претставува LG Store?
LG Store Ова е smart услуга која ви овозможува да наоѓате телевизија во живо, филмови и ТВ емисии лесно и брзо на едно место, како и да преземате голем избор на апликации за образование, забава, живот и новости.
Оваа функција е достапна само во одредени земји.
Пристапот до одредени функции може да биде забранет во зависност од земјата.
Потребна е претпазливост за децата кои пристапуваат до неприкладни содржини бидејќи овој производ може да се поврзе на интернет.
Пристапот до одредени апликации, вклучувајќи го веб-пребарувачот, можно е да биде забранет со цел блокирање на неприкладните интернет содржини.

Безбедност
Пристапот до одредени апликации, вклучувајќи го веб-пребарувачот, можно е да биде забранет со цел блокирање на неприкладните интернет содржини.

Безбедност Регистрација за LG Store

Брзи параметриУправување со сметкаПРИЈАВУВАЊЕСОЗДАЈ СМЕТКА
Потребно е да се регистрирате пред да преземате и активирате содржини.
- Изберете СОЗДАЈ СМЕТКА и согласете се со условите на услугата.
- Внесете ID и PIN број по ваш избор.
- Внесете го PIN бројот повторно во полето Потврдете ПИН број.
- Изберете OK за да се заврши процесот на регистрација.
Можете да се регистрирате на TV екранот или на веб-сајтот (www.lgappstv.com).
По регистрирањето, најавете се на вашиот телевизор и на нашиот веб-сајт со истиот ID.
Можете да се најавите на максимум пет телевизори со еден ID.
Можете да се најавите со вашата Facebook сметка.
Управување со моите информации

Брзи параметриУправување со сметка| Можете да ги погледнете основните информации на најавениот ID. Ако го притиснете копчето Уреди, можете да го промените вашиот профил на член. |
|
| Можете да ги проверите вашите информации за плаќање. | |
| Можете да ги проверите апликациите што сте ги купиле со ID со кој што сте се најавиле. | |
| Можете да ги проверите деталите за плаќањата што сте ги извршиле со ID со кој што сте се најавиле. Можете да ги преинсталирaте, ажурирате или повторно да ги купите (кога ќе истечат) купените апликации. |
Инсталирање апликации на телевизорот
LG StoreАпликации и игри / Премиум
- Од листата изберете ја саканата апликација.
- Проверете ги деталите за апликацијата и потоа изберете Инсталирај или Купи.
- Проверете дали ги имате функциите или ТВ дополнителната опрема кои се потребни за инсталирање на апликацијата, потоа изберете го копчето OK.
- За апликациите со плаќање, потребна е проверка на идентитет за плаќањето и купувањето.
- Откако ќе заврши инсталацијата, можете веднаш да ја активирате апликацијата. Доколку не сакате веднаш да ја активирате апликацијата, изберете Затвори. За да ја активирате апликацијата подоцна, притиснете
и потоа изберете
во долниот десен агол за да ја видите листата на апликации инсталирани на телевизорот.
Можете да купите апликација преку PC или телевизор, но таа ќе може да се инсталира и активира единствено на телевизорот.
Доколку немате доволно мемориски простор на вашиот телевизор, можете да преземате апликации на USB меморискиот уред поврзан на USB приклучокот на телевизорот. Можете да ги репродуцирате, бришете или преместувате апликациите зачувани на USB меморискиот уред преку екранот Список со апликации.
USB мемориските уреди кои содржат апликации не можат да складираат други видови на податоци. (Само за USB апликации)
Користење на препораките за содржини
LG Store Оваа функција ви ги овозможува содржините кои можете да ги гледате на smart телевизорот преку нивно категоризирање врз база на нивните карактеристики за да можете полесно да ги изберете саканите содржини.
Исто така можете да добиете препораки базирани на популарноста или на историјата на корисникот и веднаш да ги проверите нивните детали.
Исто така можете да добиете препораки базирани на популарноста или на историјата на корисникот и веднаш да ги проверите нивните детали.
За ТВ каналите, потребно е да извршите Автоматско бирање за правилно користење на оваа услуга.
Доколку сте се преселиле, морате да ја изберете вашата моментална локација пред да ја користите услугата.
Информациите на дигиталниот EPG (електронски програмски водич) што ги прима телевизорот може да се разликуваат од програмите на препораките за телевизија во живо кои се овозможени од надворешен EPG.
Каналите на дигиталниот приемник кој е поврзан на влез можете да ги контролирате со далечинскиот управувач за магично движење.
За користење на оваа функција извршете поврзување и поставување на мрежата.
Каналите прикажани во препораките за телевизија во живо се овозможени од обезбедувачот на телевизиска услуга, така што може да се разликуваат од актуелните ТВ канали доколку биле променети од обезбедувачот на услуга без претходно известување.
Имињата на каналите од обезбедувачот на телевизиска услуга прикажани на телевизијата во живо се овозможени од надворешен EPG (електронски програмски водич), така што имињата и значењата од различен обезбедувач на телевизиска услуга можно е да не се совпаѓаат иако се однесуваат на истата работа.
Минијатурната слика за програмата од листата Сега на ТВ е репрезентативна слика за програмата, и таа може да се разликува од сликата на актуелниот ТВ програмски распоред.
Ако информациите за каналот од листата Телевизија во живо се разликуваат од актуелниот ТВ канал или каналот на дигиталниот приемник, поставете го дигиталниот приемник и менито за канали во поставките за Телевизија во живо од почеток.
Функцијата Препораки за телевизија во живо препорачува содржини врз основа на популарноста во реално време, а одредени содржини со ниска популарност може да не бидат прикажани.