Што претставува мени во живо?
Притиснете го копчето кога ќе гледате телевизија. Можете да изберете Мени во живо со поместување на smart далечинскиот управувач на десната страна од TV екранот.
| Препорачано | Со оваа функција можете да ги проверувате деталите за програмите кои се емитуваат моментално и да добивате препораки базирани на популарност или на историјата на корисникот.
Проверете ја поврзаноста со мрежата пред да ја користите оваа функција. |
| Канали | Приказ на содржината што се емитува моментално на другите програми. Програмите кои се прикажани на листата на програми се овозможени од обезбедувачот на кабелската телевизија. Доколку обезбедувачот на услугата ги промени програмите без претходно известување, реалните ТВ програми може да се разликуваат од оние на листата. Бидејќи информациите за програмите кои се прикажани на листата на програми вклучува информации овозможени од надворешниот EPG (Електронски програмски водич), реалните ТВ програми може да се разликуваат од нив. Доколку ги уредувате програмите на вашиот дигитален приемник, ТВ програмите и информациите за програмите на дигиталниот приемник можно е да не бидат идентични. |
| Пребарување | Можете да пребарувате и да уживате во различни видови на содржини овозможени од LG Store вклучувајќи Live TV, ТВ емисии, Филмови, 3D слика, Апликации и игри, итн.
Проверете ја поврзаноста со мрежата пред да ја користите оваа функција. |
| Снимено | Можете да погледнете листа на снимена содржина и да ја репродуцирате. Содржините снимени од Time Machine автоматски се синхронизираат и прикажуваат. |
Опциите може да се разликуваат во зависност од моделот или земјата.