Користење на веб-пребарувач
Притиснете Home и потоа кликнете на Home_right на долната десна страна на почетната страница. Апликацијата Веб-пребарувач ќе се активира.
Можете да влезете на веб-сајтот кога ја впишувате веб-адресата во URL лентата. Доколку внесете збор за пребарување, на пребарувачот ќе се прикажат информации за основата на зборот за пребарување.

Browser

  1. Историја: Можете да ја отворите или избришете историјата.
  2. ознаки: Можете да ја отворите или избришете листата со облежувачи.
  3. Поставки : Можете да поставите Веб-пребарувач.
Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.
Веб-пребарувачот поддржува само HTML5 медиски содржини, но не и Flash Plug-in додаток.
Веб-пребарувачот не поддржува инсталација на plug-in додатоци.
На Веб-пребарувачот може да не биде возможно да се репродуцираат медиски фајлови во формати различни од:
JPEG/PNG/GIF
Веб-пребарувачот може да биде затворен ако нема доволно мемориски простор.
На Веб-пребарувачот се користат само фонтовите кои ги има на телевизорот. Затоа, текстот може да биде прикажан во различни фонтови од оние на PC.
Веб-пребарувачот не поддржува преземања на фајлови и фонтови.
Бидејќи Веб-пребарувачот е ТВ пребарувач, можно е да функционира различно од PC пребарувачите.
Бидејќи Веб-пребарувачот е ТВ пребарувач, можно е некои од содржините да не се репродуцираат правилно.
Потребна е претпазливост за децата кои пристапуваат до неприкладни содржини бидејќи овој производ може да се поврзе на интернет.
Пристапот до одредени апликации, вклучувајќи го веб-пребарувачот, можно е да биде забранет со цел блокирање на неприкладните интернет содржини. Конфигурирајте ги поставките на наведената патека.
Конфигурирајте ги поставките во HomeSettingsБезбедност.
Исто така, ако отидете во Веб-пребарувачПоставкиОдобрени локации, можете да го промените поставувањето така што ќе се отвораат само регистрирани веб-страници.