Проверете го растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер (Wi-Fi мрежата).
Ако е преголемо растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер, доаѓа до слабеење на сигналот. Може да биде потребен подолг временски период за регистрација, или може да доведе до неуспешна инсталација.
Исклучете ги Мобилните податоци или Ќелиските податоци на вашиот паметен телефон.

Поврзете го вашиот паметен телефон со безжичниот рутер.

За да ја потврдите Wi-Fi конекцијата, проверете дали свети индикаторот за Wi-Fi на контролниот панел.
Апаратот поддржува единствено 2,4 GHz Wi-Fi мрежи. За да ја проверите фреквенцијата на вашата мрежа, контактирајте го вашиот снабдувач со интернет услуги, или погледнете во упатството за вашиот безжичен рутер.
LG ThinQ не е одговорен за било какви проблеми околу конектирањето на мрежата или какви и да било грешки, дефекти или грешки предизвикани од конектирањето на мрежата.
Ако апаратот има проблеми околу конектирањето на Wi-Fi мрежата, можеби е предалеку од рутерот. Набавете Wi-Fi засилувач (засилувач на дострелот) за да ја подобрите јачината на Wi-Fi сигналот.
Wi-Fi конекцијата можеби не се поврзува или можеби е прекината поради опкружувањето на домашната мрежа.
Мрежното поврзување можеби нема да работи правилно во зависност од провајдерот на интернет услугите.
Околното безжично поврзување можеби придонесува безжичниот мрежен сервис да работи бавно.
Апаратот не може да се регистрира, поради проблеми со преносот на безжичниот сигнал. Извлечете го кабелот од апаратот и почекајте околу една минута, пред повторно да се обидете.
Ако е овозможен заштитниот ѕид на вашиот безжичен рутер, оневозможете го или додадете исклучок во него.
Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните карактери)
Корисничкиот интерфејс (UI) на паметниот телефон може да варира, во зависност од мобилниот оперативен систем (OS) и производителот.
Ако безбедносниот протокол на рутерот е поставен на WEP, може да не успеете во подесувањето на мрежата. Ве молиме променете го на други безбедносни протоколи (Се препорачува WPA2) и повторно регистрирајте го производот.