Кога го користите копчето Wi-Fi со апликацијата LG ThinQ апаратот може да се поврзе со домашната Wi-Fi мрежа. Индикаторот за Wi-Fi го покажува статусот на мрежната конекција на апаратот. Индикаторот за Wi-Fi свети кога апаратот е поврзан со Wi-Fi мрежата.
Првична регистрација на апаратот
Извршете ја апликацијата LG ThinQ и следете ги упатствата во апликацијата за да го регистрирате апаратот.
Повторно регистрирање на апаратот или регистрирање на друг корисник
Притиснете и држете го копчето Wi-Fi во траење од 3 секунди, за привремено исклучување. Стартувајте ја LG ThinQ апликацијата и следете ги инструкциите во неа за да го регистрирате апаратот.
За да ја оневозможите функцијата Wi-Fi, притиснете и држете го копчето Wi-Fi 3 секунди. Индикаторот за Wi-Fi ќе се исклучи.