Домашниот уред и паметниот телефон не се приклучени на Wi-Fi мрежата.
Лозинката за Wi-Fi на коешто се обидувате да се поврзете, е неточна.
Најдете ја Wi-Fi мрежата којашто е поврзана со вашиот паметен телефон и отстранете ја, а потоа регистрирајте го вашиот апарат на LG ThinQ.
Мобилните податоци за вашиот паметен телефон се вклучени.
Исклучете ги мобилните податоци на вашиот паметен телефон и регистрирајте го апаратот, користејќи ја Wi-Fi мрежата.
Името на безжичната мрежа (SSID), не е правилно поставено.
Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните карактери)
Фреквенцијата на рутерот не е 2,4 GHz.
Поддржана е само 2,4 GHz фреквенција на рутерот. Поставете го безжичниот рутер на 2,4 GHz и поврзете го апаратот со безжичниот рутер. За да ја проверите фреквенцијата на рутерот, проверете кај вашиот снабдувач на интернет услуги, или кај производителот на рутерот.
Преголемо е растојанието помеѓу апаратот и рутерот.
Ако е преголемо растојанието помеѓу апаратот и рутерот, сигналот може да биде слаб и конекцијата може да не биде правилно конфигурирана. Променете ја локацијата на рутерот, за да биде поблиску до апаратот.