Функцијава ви овозможува да комбинирате микробраново готвење со грил за да готвите брзо.
Притиснете СТОП/Отстрани.
Притиснете Режим на готвење додека не се прикаже Co-1 на екранот.
Изберете го саканото ниво на микробранова моќност користејќи Повеќе/помалку и притиснете СТАРТ/Внеси.
Код за ниво на микробранова моќност
Co-1: 180 W, Co-2: 360 W, Co-3: 540 W
Изберете го саканото време користејќи Повеќе/помалку и притиснете СТАРТ/Внеси.
За време на готвењето можете да го приспособите времето на готвење со Повеќе/помалку.
Секогаш користете ракавици кога ги отстранувате храната и додатоците по готвењето бидејќи печката и додатоците ќе бидат многу жешки.
Полицата може да се користи во готвење со грил и комбинација на грил. Поставете ја полицата на стаклениот послужавник.
