Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење доколку им се овозможуваат надзор или инструкции за користење на апаратот на безбеден начин и ги разбираат вклучените опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и корисничкото одржување не треба да се вршат од страна на деца без надзор.
Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или со недоволно искуство и знаење, освен ако се под надзор или ако добиваат упатства за употребата на апаратот од лице коешто е одговорно за нивната безбедност. Децата треба да бидат под надзор за да не се дозволи да си играат со апаратот.
Монтажата или поправките направени од неовластени лица може да претставуваат опасност за вас и за другите.
Информациите содржани во прирачникот се наменети за употреба од квалификуван сервисер кој е запознаен со безбедносните процедури и кој поседува соодветни алатки и инструменти за тестирање.
Ако не ги прочитате и следите сите упатства во овој прирачник, може да дојде до дефект на опремата, материјална штета, лична повреда и/или смрт.
Средството за ладење и изолациониот гас кои се користат во апаратот бараат посебни процедури за отстранување. Консултирајте се со сервисен агент или слично квалификувано лице пред да ги отстраните.
Кога треба да се замени кабелот за напојување, замената треба да ја врши овластен персонал користејќи само оригинални резервни делови.
Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да биде заменет од производителот, сервисен агент или слично квалификувано лице за да се избегне опасност.
Апаратот треба да се инсталира согласно националните прописи за електрична инсталација.
Средства за исклучување мора да бидат вградени во фиксната електрична инсталација согласно правилата за поврзување.
Овој уред мора да биде правилно заземјен за да се минимизира опасноста од електричен удар.
Не сечете го и не отстранувајте го заземјувачот од приклучокот за напојување.
Поврзувањето на заземјувачката жица на завртката на штекерот не го заземјува апаратот освен ако завртката на капакот е метална, неизолирана и штекерот е заземјен преку електричната инсталација на куќата.
Ако се сомневате дали клима уредот е правилно заземјен, штекерот и колото нека ги провери квалификуван електричар.