Комбинирајте големи и мали парчиња при полнењето. Прво ставете ги големите парчиња.
Големите парчиња не смеат да зафатат повеќе од половина од вкупниот капацитет на машината. Не перете само по едно парче облека. Тоа може да предизвика нерамнотежа во полнењето. Додајте едно или две слични парчиња.
Проверете дали сите џебови се празни. Предмети какви што се, клинови, шноли, ќибрити, пенкала, парички и клучеви може да ги оштетат и машината и вашите алишта.

Перете ги деликатните алишта (хулахопки, градници со жица) во посебна мрежа за алишта.
Затворете ги патентите, закопчајте ги копчињата и врзете ги врвките за да не се заплеткаат алиштата.
Истретирајте ги нечистотијата и дамките претходно со тоа што ќе ги исчеткате дамките со мала количина детергент растворен во вода.