Горе > РАБОТЕЊЕ > Контролна табла > Опции на контролната табла

Опции на контролната табла

Упатства

a

Напојување Копче за вклучување/исклучување

  • Притиснете го копчето Напојување за да ја вклучите машината.

  • Притиснете го копчето Напојување за да ја откажете функцијата Delay End (Одложи крај).

b

Одбирање програми

  • Програмите се избираат според типот на алишта.

  • Се пали светилка за да ја прикаже избраната програма.

c

Копче Старт/Пауза

  • Копчето Старт/Пауза се користи за започнување или паузирање на циклусот.

  • Кога е на пауза, напојувањето автоматски се исклучува по одредено време од безбедносни причини.

d

Екстра опции и функции/дополнителни копчиња за програмите

  • Користете ги овие копчиња за да ги изберете посакуваните опции за избраната програма. Не се достапни сите опции во секоја програма.

Remote Start (Далечинско започнување)

Со апликацијата LG ThinQ можете да управувате со апаратот преку паметен телефон.

  • За да ја користите оваа функција, погледнете во ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ.

Wi-Fi

Притиснете го и држете го 3 секунди копчето Remote Start (Далечинско започнување) за да се воспостави контакт на апаратот со апликацијата LG ThinQ.

e

Приказ на време и статус

  • Екранот ги прикажува подесувањата, преостанатото време, опциите и пораките за статус. Кога е вклучен апаратот, на екранот ќе светнат стандардните подесувања.

Прикажување на време и статус

Упатства

a

Прикажување на преостанатото време

  • Кога избирате програма за сушење, се прикажува потребното време за избраната програма. Времето се менува кога поставувате екстра опции за програмата.

  • Ако апаратот препознае проблем, ќе се појави порака со грешка.

b

È засветува кога се создава нова содржина UP. Отворете ја апликацијата LG ThinQ и ажурирајте ја содржината.

c

Å свети кога е активирана опцијата Delay End (Одложи крај).

d

 Оваа икона светнува кога е активирана функцијата за далечинска контрола.

e

f Оваа икона светнува кога машината е поврзана на домашната Wi-Fi мрежа.

f

K Оваа икона светнува кога филтерот за влакненца треба да се исчисти.

  • Напомена за чистењето: кога ќе го стиснете копчето Напојување, иконата ќе се прикаже.

g

E Оваа икона светнува кога резервоарот за вода треба да се исчисти или испразни.

  • Напомена за празнењето: При притискање на копчето Напојување ќе се покаже слика/симбол.

  • Напомена за наполнета вода: Иконата ќе се прикаже и ќе се слушне звук додека уредот сè уште работи.

h

J свети кога уредот автоматски го чисти кондензаторот.

i

q свети кога звучниот сигнал е исклучен.