Користење на безжично/со кабел USB глувче
Поврзете го глувчето на USB приклучокот. Користете го глувчето за придвижување на покажувачот на TV екранот и избирање на саканото мени.
Глувче Далечински управувач за магично движење
Лево копче OK копче на магичниот далечински управувач
Копче на тркалце Копче на тркалце на магичниот далечински управувач
Десното и специјалните копчиња на глувчето нема да функционираат.
Врз користењето на безжично USB глувче и тастатура влијание може да имаат радио-фреквентното опкружување и оддалеченоста.
Користење на безжична/со кабел USB тастатура
Поврзете ја тастатурата на USB приклучокот. Со помош на тастатурата можете да внесете текст при користење на функцијата за пребарување и интернет.
На некои екрани не може да се внесува текст.
Се препорачува користење на производи чија компатибилност со LG телевизорите е тестирана.
LOGITECH K200, LOGITECH K400, MICROSOFT Comfort Curve 2000, MICROSOFT MS800 и LG Electronics ST-800
Јазикот на внес можете да го промените преку притиснување на копчето за промена на јазик (или десното Alt копче) на тастатурата.
Користење на џојпад
Поврзете го вашиот џојпад на USB приклучокот на телевизорот, доколку за играта е потребен џојпад.
Се препорачува користење на авторизирани модели на џојпад, чија компатибилност со LG телевизорите е тестирана.
Logitech F310, Logitech F510, Logitech F710, Logitech Rumblepad 2, Logitech Cordless Rumblepad 2, Logitech Dual Action Gamepad, Microsoft Xbox 360 Controller (со кабел) и SONY PLAYSTATION®3 Controller