Прилагодување на соодносот на екранот
Поставки СЛИКА Однос на екранот
Избирање на соодносот на сликата.
| 16:9 | Промена на големината на сликата за да го исполни екранот во широчина. |
| Само скенирај | Прикажување на видео слика во оригинална големина без отстранување на деловите од рабовите на сликата.
|
| Оригинал | Кога телевизорот прима сигнал со широк формат на екран, автоматски ќе се префрли на форматот на сликата што се емитува. |
| Цел широк | Кога телевизорот ќе добие сигнал со широк формат, ќе ви биде овозможено хоризонтално или вертикално прилагодување на сликата, со линеарна пропорција, за исполнување на целиот екран. Видео записите со сооднос 4:3 и 14:9 се поддржани на цел екран без никакво изобличување на видео записот преку DTV влезот.
|
| 4:3 | Промена на големината на сликата кон претходниот стандард 4:3. |
| 14:9 | Во режимот 14:9 можете да гледате слика со формат 14:9 или вообичаена TV програма. Екранот со сооднос 14:9 се прикажува исто како и 4:3, но е зголемен нагоре или надолу. |
| Зум | Менување на големината на сликата за да го исполни екранот во широчина. Горниот и долниот дел од сликата може да бидат отсечени. |
| Кино зумирање | Изберете Кино зумирање кога сакате да ја зголемите сликата до точните пропорции. |
При гледање на слика од надворешен уред, во следните случаи може да дојде до врежување на сликата :
- видео сигнал со статична ознака (како на пр. име на станицата)
- подолг период на користење режим на слика со сооднос 4:3.
Достапните големини на слика може се разликуваат во зависност од влезниот сигнал.
Соодносот на сликата при HDMI -PC влез е достапен само како 4:3 и 16:9.
[За моделите кои поддржуваат 2160p] Кога влезниот сигнал е 2160p или кога PC резолуцијата е поставена на 3840 x 2160, Однос на екранот е фиксно поставено на Само скенирај.