Користење на Smart режим за звук
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ЗВУК Smart режим за звук
Обезбедува оптимизиран звук прилагоден за секој тип на содржина.
Ако е овозможена функцијата Smart режим за звук, Режим на звук, Виртуелен опкружувачки звук Plus и Чист говор ll се прилагодуваат автоматски.
Користење на функцијата Виртуелен опкружувачки звук
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ЗВУК Виртуелен опкружувачки звук Plus
Технологија за обработка на звук која е сопственост на LG и овозможува впечаток на 5.1-канален опкружувачки звук од два звучници.
Ако Чист говор ll е поставено на ВКЛУЧЕНО, Виртуелен опкружувачки звук Plus нема да биде избрано.
Користење на функцијата Чист говор ll
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ЗВУК Чист говор ll
Се подобрува јасноста на гласовите.
Поставување режим на јачина на звук
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ЗВУК Режим на гласност
Поставување различни режими за контрола на јачината на звукот.
Авто. јачина на звук Поставување Авто. јачина на звук на Вклучено. Јачината на звукот се разликува од една до друга програма. При менување на различните програми, се врши автоматско прилагодување на јачината на звукот за попријатно гледање телевизија.
Контрола на јачината на звук Користењето на една крива за јачината на звукот може да резултира со нечуен или прегласен звук во зависност од опкружувањето. Нивото на јачина на звук со прилагодува во зависност од времето на денот (ден/ноќ).
Синхронизација на аудио и видео
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ЗВУК AV синхр. прилаг.
Директна синхронизација на сликата и звукот кога тие не се совпаѓаат.
Ако поставите AV синхр. прилаг. на ВКЛУЧЕНО, можете да го прилагодувате излезниот звук (ТВ звучници или Надворешен звучник) кон сликата на екранот.
TВ звучник [Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
Прилагодување на синхронизацијата на звукот од внатрешните звучници на телевизорот.
Со копчето "-" се забрзува излезниот звук, додека со копчето "+" се забавува излезниот звук во однос на зададената вредност.
Надворешен звучник Се прилагодува начинот како се синхронизира звукот од надворешни звучници, како на пр. надворешен звучник поврзан на приклучокот за дигитален аудио излез, LG аудио уред и слушалки.
Со копчето "-" се забрзува излезниот звук, додека со копчето "+" се забавува излезниот звук во однос на зададената вредност.
  • LG аудио уредот може да се поврзе преку оптички дигитален приклучок или HDMI-ARC приклучок.
Bypass На излез се емитува сигнал од преноси или звук од надворешен уред без доцнење на звукот. Звукот може да биде емитуван на излез пред видеото, бидејќи е потребно одредено време за обработка на видео влезот во телевизорот.
Користење на поставки за звук
[Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ЗВУК Поставки за звук
Аналоген излез
[Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
На корисникот му овозможува избор на мени за Слушалка или Надворешен звучник (Аудио излез) во зависност од поврзаниот уред.
Баланс
[Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
Прилагодување на балансот на левиот/десниот аудио канал.
Оптимизатор на звук
[Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
Овозможува добивање на оптимизиран звук за конкретната поставеност на телевизорот.
Исклучено Општ режим на звук.
Прикачен на ѕид Оптимизирање на звукот за телевизор монтиран на ѕид.
На ногарки Оптимизирање на звукот за телевизор поставен на држач.