Проверете претходно
Доколку се појават следните показатели, ве молиме извршете ги проверките и прилагодувањата опишани подолу. Можно е да не станува збор за неисправност.
Општо
| Проблем |
Решение |
| Одредени програми не се прикажуваат. |
- Прилагодете ја локацијата или насоката на антената.
- Зачувајте ги каналите кои сакате да ги гледате користејќи ја функцијата Автоматско бирање или Уред. на програма.
|
| По вклучување на телевизорот треба да почекате за сликата да биде целосно видлива. |
- Ова не е проблем. Се врши отстранување на шумот на сликата кој може да се појави при првото вклучување на телевизорот.
|
Слики
Поставки ПОДДРШКА Тест на слика
Прво направете тест на сликата за да проверите дали излезниот сигнал на сликата е нормален.
Доколку нема проблем при тестот на сликата, проверете го поврзувањето со надворешниот уред и емитуваните сигнали.
| Проблем |
Решение |
| Сликите од претходната програма или други програми се задржуваат или на екранот се прикажуваат линии кои пречат. |
- Прилагодете ја сликата на антената кон ТВ предавателот или погледнете го упатството со инструкции за поврзување на антената.
|
| На моменти се прикажуваат подвижни хоризонтални/вертикални линии и шаблони со мрежа. |
- Таков проблем може да се појави кога има силни електронски пречки. Исклучете ги другите електронски уреди како мобилни телефони, алатките кој работат на струја и другите мали електрични апарати.
|
| Приказот на екранот се замрзнува или не функционира правилно за време на дигитални преноси. |
- Тоа може да настане во случај на слаб сигнал или нестабилен прием. Прилагодете ја насоката на антената и поврзувањето на каблите.
- Ако јачината или квалитетот на сигналот е мал при Рачно бирање, обратете се до ТВ станицата или административната канцеларија.
|
| Дигиталните преноси не се достапни, дури и кога кабелот е поврзан. |
- Обратете се кај кабелскиот оператор кој е одговорен за вашата претплата и/или сигнал. (Во зависност од вашата претплата, можно е дигиталните преноси да не бидат поддржани.)
|
| Екранот е неактивен или нејасен кога е поврзан со HDMI извор. |
- Проверете ги спецификациите на HDMI кабелот. Ако вашиот HDMI кабел не е оригинален, сликите може да се појавуваат и исчезнуваат или да не се прикажуваат правилно.
- Проверете дали сите кабли се цврсто приклучени. Кога поврзувањата не се прицврстени, можно е сликите да не се прикажуваат правилно.
|
| Неправилно функционирање со USB уред за складирање. |
- Погледнете дали USB верзијата на уредот и кабелот е 2.0 или повисока.
|
Звук
Поставки ПОДДРШКА Тест на звук
Прво направете тест на звукот за да проверите дали излезниот сигнал на звукот е нормален.
Доколку нема проблем при тестот на звукот, проверете ги поврзаните надворешни уреди и емитуваниот сигнал.
| Проблем |
Решение |
| На екранот се прикажува слика, но нема звук. |
- Проверете ги другите ТВ програми.
- Проверете дали функцијата TВ звучник е поставена на Вклучено.
|
| При аналоген пренос, стерео звукот е нејасен или звукот се слуша само од еден звучник. |
- Во области со слаб прием (области со слаби или нестабилни сигнали) или кога опцијата Повеќекратно аудио не е стабилна, изберете Моно од Аудио.
- Прилагодете го балансот со помош на копчето за навигација.
|
| Звукот од телевизорот не е синхронизиран со сликата или звукот повремено се губи. |
- Ако проблемот влијае само врз одредена ТВ програма, тој може да биде предизвикан од проблеми со емитуваниот сигнал од таа индивидуална станица. Обратете се во ТВ станицата или кај вашиот кабелски оператор.
|
| Јачината на звукот се менува кога ја менувам програмата. |
- Јачината на звукот може да биде различна од една до друга програма.
- Поставете ја функцијата Авто. јачина на звук на Вклучено.
|
Кај одредени програми воопшто нема звук или, пак, може да се слушне само музиката во заднина. (во случај кога програмата е создадена за гледачи во странство) |
- Во Јазик, поставете Јазик Аудио јазик на јазикот по ваш избор. Дури и ако го промените јазикот на Аудио, можете да се вратите на зададеното поставување штом го исклучите напојувањето или го промените програмот.
|
| Нема звук при поврзување со HDMI / USB. |
- Проверете дали HDMI кабелот поддржува голема брзина.
- Проверете дали верзијата на USB кабелот е 2.0 или повисока.
- Користете само стандардни музички (*.mp3) фајлови.
|
Проблем при поврзување со PC
| Проблем |
Решение |
| Приказот на екранот не се појавува по поврзување со компјутерот. |
- Проверете дали компјутерот и телевизорот се добро поврзани.
- Со помош на далечинскиот управувач исклучете го телевизорот и повторно вклучете го.
- Рестартирајте го компјутерот додека телевизорот е вклучен.
- Проверете дали резолуцијата на влезниот сигнал од компјутерот е правилно поставена.
- За да го користите телевизорот како секундарен монитор, проверете дали поврзаниот компјутер или лаптоп поддржува приказ на два монитори.
- Повторно поврзете го HDMI кабелот.
|
| Нема звук по поврзување со компјутерот со HDMI кабел. |
- Обратете се кај производителот на вашата видео картичка за да проверите дали поддржува излезен звук преку HDMI. (за видео картичките во DVI формат треба да поврзете посебен кабел за звук.)
|
| Кога е поврзан со компјутер, екранот е делумно отсечен или поместен на една страна. |
- Поставете резолуција на влезниот сигнал од компјутерот која е поддржана. (ако ова не успее, рестартирајте го компјутерот.)
- [Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
Изберете Екран и прилагодете Позиција / Големина / Фаза.
|
Проблеми при повторна репродукција на филмови во SmartShareTM
| Проблем |
Решение |
| Фајловите од Филмската листа не се прикажуваат. |
- Проверете дали фајлот на USB уредот за складирање може да се исчита на компјутерот.
- Проверете дали екстензијата на фајлот е поддржана.
|
| Се прикажува пораката "Овој фајл не е валиден." или сликата на екранот не е правилна, дури и ако звукот е во ред. |
- Осигурајте се дали фајлот нормално се репродуцира на видео плеерот во компјутерот. (проверете дали има оштетени фајлови.)
- Проверете дали компјутерот ја поддржува резолуцијата.
- Проверете дали видео/аудио кодекот е поддржан.
- Погледнете дали стапката на слики е поддржана.
|
| Се прикажува пораката "Неподдржан звук." или звукот не е правилен, дури и ако сликата на екранот е во ред. |
- Осигурајте се дали фајлот нормално се репродуцира на видео плеерот во компјутерот. (проверете дали има оштетени фајлови.)
- Проверете дали компјутерот го поддржува аудио кодекот.
- Погледнете дали бит-стапката е поддржана.
- Погледнете дали стапката на примероци е поддржана.
|
| Преводите не се прикажуваат. |
- Осигурајте се дали фајлот нормално се репродуцира на видео плеерот во компјутерот. (проверете дали има оштетени фајлови.)
- Проверете дали видео фајлот има исто име како и фајлот со преводот.
- Осигурајте се дека видео фајлот и фајлот со преводот се во истиот фолдер.
- Погледнете дали форматот на фајлот со превод е поддржан.
- Погледнете дали јазикот на преводот е поддржан. (фајловите со превод можат да се отворат во Notepad за да го проверите јазикот.)
|
Тест на сигнал
[Оваа функција е достапна само во одредени земји.]
Поставки ПОДДРШКА Тест на сигнал
Приказ на информации за MUX, сервисни информации итн. Ако изберете Антена и Сателит или Кабел и Сателит, се прикажува само тест на сигнал за Антена или Кабел.
Барање на услуги
За повеќе информации за барање на услуги, погледнете го следното мени.
Поставки ПОДДРШКА Инфо. за производ/услуга