Регистрирање на далечинскиот управувач за магично движење
За да го користите магичниот далечински управувач, прво регистрирајте го со вашиот телевизор.
Пред користењето, регистрирајте го магичниот далечински управувач на следниот начин.
  1. Исклучете го телевизорот, почекајте околу 10 секунди и потоа притиснете го Wheel(OK) со истовремено насочување на далечинскиот управувач кон телевизорот.
  2. Далечинскиот управувач автоматски се регистрира и на TV екранот автоматски ќе се прикаже порака за завршување на регистрирањето.
Ако не успеете да го регистрирате магичниот далечински управувач, исклучете го телевизорот и обидете се повторно.
Пререгистрирање на магичниот далечински управувач
  1. Притиснете ги копчињата This is the Home button on the Magic remote control. и истовремено и задржете околу 5 секунди.
  2. Притиснете го Wheel (OK) со истовремено насочување кон телевизорот за да го пререгистрирате Далечинскиот управувач за магично движење.
Истовремено притиснете ги копчињата This is the Home button on the Magic remote control. и , во траење од пет секунди, за да се ресетира Далечинскиот управувач за магично движење.
Притиснете го копчето во траење од пет секунди со истовремено насочување на далечинскиот управувач кон телевизорот заради ресетирање и пререгистрирање.
Поставување на покажувачот на магичниот далечински управувач
This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ОПЦИЈА Покажувач
Поставување на брзината и обликот на покажувачот кој се прикажува на TV екранот.
Брзина Поставување на брзината на движење на покажувачот.
Облик Избирање на облик на покажувач помеѓу различните опции.
Големина Избирање на големина на покажувачот.
Порамнув. Поставете на Вклучено. Доколку постои разлика во порамнувањето помеѓу покажувачот и насоката на далечинскиот управувач, поместете го магичниот далечински управувач налево и надесно за да се изврши порамнување. Ќе се изврши автоматско порамнување на покажувачот во центарот, олеснувајќи ја контролата.
  • Ако е поставена на Исклучено, функцијата за Порамнување нема да работи дури и кога го поместувате Далечинскиот управувач за магично движење налево и надесно.
Ако покажувачот не се користи одредено време, тој ќе исчезне. Кога покажувачот ќе исчезне од екранот, затресете го магичниот далечински управувач надесно и налево. Потоа тој повторно ќе се појави.
Ако покажувачот не функционира рамномерно, тогаш можете да го ресетирате покажувачот со тоа што ќе го поместите до работ на екранот.
Ако го притиснете копчето за навигација за време на движењето на покажувачот на екранот, покажувачот ќе исчезне и магичниот далечински управувач ќе работи како обичен далечински управувач.
Се препорачува користење до ефективно растојание од 10 метри. Користењето на далечинскиот управувач од поголеми растојанија или кога на линијата на видливост има пречки, може да предизвика неправилно функционирање.
Електронските уреди во близина може да предизвикаат пречки во комуникацијата. Уредите како микробрановите печки или безжичните LAN мрежи го користат истиот пропусен опсег (2,4 GHz) како и магичниот далечински управувач и може да предизвикаат пречки.
Магичниот далечински управувач може да се скрши ако се испушти или да се оштети на некој друг начин.
Внимавајте да не го удирате од тврди објекти како мебел или под.