Поврзување на DLNA
DLNA е кратенка од Digital Living Network Alliance и ви овозможува да уживате во видео / музички / фото фајлови (коишто се складирани на PC или сервер) на вашиот телевизор преку домашна мрежа.
Поврзување на smartphone уред со DLNA автентикација
Телевизорот и smartphone уредот треба да бидат на истата мрежа.
  1. Осигурете се дека Wi-Fi е овозможено на smartphone уредот.
  2. Инсталирајте / активирајте ја апликацијата за споделување содржини на smartphone уредот.
  3. Активирајте "Споделување на содржините од мојот мобилен телефон".
  4. Изберете го видот на содржината (видео / музика / фотографии) која сакате да се репродуцира.
  5. Изберете го видео, музичкиот или фото фајлот кој сакате да се репродуцира на телевизорот.
  6. Изберете Додади во листа за репродукција.
  7. На уредот од кој сакате да се репродуцира содржината, изберете го името на моделот на телевизорот.
    (Името на моделот на телевизорот се наоѓа на етикетата на уредот.)
  8. Со Репродуцирај (Play button) на телевизорот ќе се прикаже избраниот фајл.
Поврзување на DLNA DMR (Digital Media Renderer)
Ако оперативниот систем на компјутерот е Windows 7 или Windows 8 или преку мрежа се поврзе уред со DLNA сертификат (на пр. мобилен телефон), можете да репродуцирате музика / видео / фотографии на телевизорот без инсталирање на посебен програм.
  1. Конфигурирајте ги телевизорот и компјутерот на истата мрежа. На мрежата конфигурирајте компјутер со инсталиран Windows 7 или Windows 8.
  2. Кликнете на десното копче од глувчето на музичкиот / видео / фото фајлот кој сакате да го репродуцирате и употребете ја функцијата 'Remote Playback' (Далечинска репродукција) која е достапна во Windows 7 или Windows 8.
    За репродуцирање на содржина од уред како на пр. мобилен телефон, погледнете во упатството за користење на уредот.
  3. Содржината ќе се репродуцира само на еден уред дури и ако е поврзан повеќе од еден телевизор или уред. Брзината на репродукција може да се менува во зависност од мрежната брзина.
Поврзување на DLNA DMP (Digital Media Player)
Ако на компјутерот има SmartShareTM PC софтвер, музичките / видео / фото фајловите може да се репродуцираат на телевизорот со помош на нивно поврзување преку домашната мрежа.
  1. Конфигурирајте ги телевизорот и компјутерот на истата мрежа. Телевизорот и секој од уредите треба да бидат поврзани преку единечна пристапна точка за да се овозможи DLNA услугата.
  2. Од веб-сајтот, инсталирајте SmartShareTM PC софтвер на компјутерот. Пред инсталирањето, затворете ги сите програми кои се извршуваат вклучувајќи ги програмите за заштитен ѕид (firewall) и заштита од вируси.
  3. За да можете да го погледнете споделениот фајл на вашиот телевизор, серверот треба да работи.
За информации околу веб-сајтот, одете на This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ПОДДРШКА Инфо. за производ/услуга.
За детали околу користењето на SmartShareTM PC софтверот, погледнете во делот за помош на софтверот.
Во случај на неправилно функционирање на DLNA
Доколку DLNA функцијата не функционира правилно, проверете ги мрежните поставки.
За гледање на 1080p видео записи преку DLNA потребна е пристапна точка од 5 GHz. Пристапна точка од 2,4 GHz може да предизвика често сместување во меѓумеморија (бафер) или други проблеми.
DLNA може да не работи правилно на безжична мрежа. Се препорачува поврзување на кабелската мрежа.
При репродукција на видео во DLNA режим, функцијата Multi Audio (Повеќекратно аудио) и внатрешните титлови не се поддржани.
Ако повеќе од еден телевизор е поврзан на еден сервер во DLNA режим, содржината може да не се репродуцира во зависност од перформансите на серверот.
Титловите може да не се поддржани во зависност од DLNA уредот.
DLNA функцијата може да не работи правилно во зависност од мрежната околина.
DLNA функцијата не може да се користи со некои пристапни точки кои не поддржуваат мултикастинг. За повеќе информации, погледнете во упатството на пристапната точка или обратете се до производителот.
Поддржаните типови на фајлови може да се разликуваат во зависност од околината на DLNA серверот, дури и кога одредени типови на фајлови се поддржани од телевизорот.
Преголемиот број на подфолдери и фајлови во еден фолдер може да доведе до неправилно функционирање.
Информациите за фајлот од DLNA серверот може да не се прикажат правилно.
При гледање на видео титлови на DLNA сервер, ви препорачуваме да користите SmartShareTM PC софтвер.
Ако фајлот со титлови се додаде подоцна, исклучете го споделениот фолдер и извршете повторно поставување.
DRM фајлови кои се поставени на SmartShareTM PC софтвер сервер не може да се репродуцираат.
ULTRA HD видео (3840 X 2160) фајлови не функционираат.