Поврзување на мрежа
За користење на Smart функциите потребна е безжично или поврзување со мрежата преку кабел.
Кога ќе се поврзете на мрежата, вие ќе можете да користите Премиум содржини, LG Smart World и друго.
Поврзување со мрежата со едно кликнување
Лесно поврзување со безжична / мрежа со кабли.
Поставки МРЕЖА Мрежна врска за автоматско поврзување со достапна мрежа. Следете ги пораките на телевизорот. Поврзување на мрежа преку експертско поставување
Поставки МРЕЖА Мрежна врска
Се користи во специјални околности како на пр. канцелариите (во случаи кога се користи статичка IP адреса).
- Изберете мрежно поврзување, Со кабел или Безжично.
- При поврзување преку Wi-Fi, користете еден од следните методи за мрежно поврзување.
| AP листа | Поврзување со мрежа избрана од AP листата. |
| Внесување на SSID | Поврзување со внесената безжична AP точка. |
| WPS-PBC | Лесно поврзување кога ќе се притисне копчето на безжичната AP точка која поддржува PBC. |
| WPS-PIN | Лесно поврзување кога на AP веб-сајтот ќе се внесе PIN на безжичната AP точка на која сакате да се поврзете. |
Користење на функцијата Wi-Fi Direct
Поставки МРЕЖА Wi-Fi Direct
Wi-Fi Direct е функција која овозможува вашиот телевизор да се поврзе со Wi-Fi Direct уред без интернет врска. Со помош на SmartShareTM, вие ќе можете да ги гледате фајловите зачувани на уред кој е поврзан преку Wi-Fi Direct.
- Поставете Wi-Fi Direct на Вклучено. (Доколку не планирате користење на оваа функција, ве молиме променете на Исклучено.)
- Овозможете ги поставките за
Wi-Fi Direct на уредот со кој сакате да се поврзете. - Ќе се прикаже листа на уреди кои може да се поврзат со телевизорот.
- Изберете уред со кој ќе се поврзете.
- Изберете Да, потоа ќе се прикаже порака со барање за поврзување.
- Доколку уредот со кој сакате да се поврзете го прифати барањето, ќе се изврши поврзување со Wi-Fi Direct.
Користење на функцијата MiracastTM / Intel WiDi
Поставки МРЕЖА MiracastTM / Intel WiDi
Можете да го погледнете екранот на уред со MiracastTM и Intel WiDi технологија на вашиот телевизор.
- Поставете MiracastTM / Intel WiDi на Вклучено. (Доколку не планирате користење на оваа функција, ве молиме променете на Исклучено.)
- Овозможете ги поставките за MiracastTM / Intel WiDi на уредот со кој сакате да се поврзете.
- Ќе се прикаже листа на уреди кои може да се поврзат со телевизорот.
- Изберете уред со кој ќе се поврзете.
- Изберете Да, потоа ќе се прикаже порака со барање за поврзување.
- Доколку уредот со кој сакате да се поврзете го прифати барањето, ќе се изврши поврзување со MiracastTM и Intel WiDi.
Одредени модели може да ја нудат само функцијата Intel WiDi.
Кога Wi-Fi Direct е поставено на Исклучено, доколку поставите MiracastTM / Intel WiDi на Вклучено, Wi-Fi Direct автоматски ќе се постави на Вклучено.
Кога ќе ја поставите MiracastTM / Intel WiDi функцијата на Исклучено, Wi-Fi Direct ќе се врати на претходното поставување.
Се препорачува поврзување на лаптоп компјутер со користење на Intel WiDi на мала оддалеченост.
Иако Intel WiDi може да се поврзе без безжичен рутер, за оптимално функционирање се препорачува прво да се поврзе безжичниот рутер.
Вашиот телевизор нема да можете да го поврзете на уред кој не е од марката LG Electronics дури и ако биде детектиран.
Се препорачува да го поврзете уредот со 5GHz рутер.
Стапката на одзив може да се разликува во зависност од корисничкото опкружување.
За повеќе информации околу уредот на кој сакате да се поврзете, погледнете во упатството на соодветниот уред.
Поставување на мрежа - предупредување
Користете стандарден LAN кабел (Cat5 или повисоко со RJ45 приклучок, 10 Base-T или 100 Base TX LAN приклучок).
Ресетирањето на вашиот модем може да предизвика проблеми кај поврзувањето на мрежа. За разрешување на проблемот, исклучете го напојувањето, прекинете ја врската и повторно поврзете се, и потоа вклучете го напојувањето.
LG Electronics не е одговорен за какви било проблеми со поврзувањето на мрежа, или какви било дефекти, неисправно функционирање и грешки предизвикани од мрежната врска.
Мрежното поврзување може да не функционира правилно во зависност од обезбедувачот на интернет услугата.
За DSL услугата потребен е DSL модем; за кабелската услуга потребен е кабелски модем. Може да биде достапен само ограничен број на мрежни врски, а мрежното поставување на телевизорот може да не биде достапно во зависност од вашиот договор со обезбедувачот на интернет услугата (ISP). (Ако е дозволен само еден уред по линија и ако вашиот PC веќе е поврзан, други уреди нема да може да се користат.)
Безжичните мрежи може да подлежат на пречки од други уреди кои работат на фреквенција од 2,4 GHz (безжични телефони, Bluetooth уреди или микробранови печки). Исто така, можна е и појава на пречки од уреди кои работат на фреквенција од 5 GHz, исто како и другите Wi-Fi уреди.
Постоечкото безжично опкружување може да предизвика бавно функционирање на мрежната услуга.
Ако не ја исклучите целата локална домашна мрежа, кај некои уреди може да се јави мрежен сообраќај.
За AP поврзување, потребен е уред за пристапна точка кој поддржува безжично поврзување и функцијата за безжично поврзување на уредот мора да биде активирана. Во врска со достапноста на безжичното поврзување на вашата пристапна точка, обратете се до вашиот обезбедувач на услугата.
Проверете го SSID идентификаторот и сигурносните поставки на AP за AP поврзувањето. Разгледајте ја соодветната документација за SSID идентификаторот и сигурносните поставки на AP.
Невалидните поставки на мрежните уреди (споделувач на линија со кабел / безжичен, хаб) може да предизвикаат бавно или неправилно функционирање на телевизорот. Правилно инсталирајте ги уредите во согласност со соодветните прирачници и поставете ја мрежата.
Методот на поврзување може да се разликува во зависност од производителот на AP.