Што претставува On Now ?
[Оваа функција можно е да не може да се изврши во одредени земји.]
Користење на On Now
За гледање во Половичен приказ
МОИ АПЛИКАЦИИ On Now
Притиснете го за време на гледањето за да изберете On Now во областа за натписот на активираниот канал.
Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.

- Освежување на сите елементи на листата и истовремено преместување на почетокот од екранот.
- Префрлување во Целосен приказ.
За гледање во Целосен приказ
МОИ АПЛИКАЦИИ On Now Повеќе
Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.

- Најавување
- Пребарување
- Поставување на опциите.
- Освежување на сите елементи на листата и истовремено преместување на почетокот од екранот.
- Префрлување на Мини приказ.
За ТВ каналите, потребно е да извршите Автоматско бирање за правилно користење на оваа услуга.
Доколку се префрлите во друг регион, за да може да се користи оваа услуга потребно е да го поставите регионот на вашата моментална локација.
Информациите на дигиталниот EPG (електронски програмски водич) што ги прима телевизорот може да се разликуваат од програмите на ТВ листата On Now која користи надворешен EPG (електронски програмски водич).
Можете да контролирате поврзан дигитален приемник преку Далечинскиот управувач за магично движење.
За користење на On Now потребна е интернет врска.
Каналите на ТВ листата On Now се понудени од Операторот на услуги. Доколку Операторот на услуги ги промени без претходно известување, актуелните ТВ канали може да се разликуваат.
Имињата на каналите на Операторот на услуги на ТВ листата On Now се понудени од надворешен EPG (електронски програмски водич), така што секое име го определува Операторот на услуги но можно е да нема совпаѓање.
Минијатурната слика за програмата од ТВ листата On Now е репрезентативна слика за програмата, и таа може да се разликува од сликата на актуелниот ТВ програмски распоред.
Ако информациите за каналот од ТВ листата On Now се разликуваат од актуелниот ТВ канал, поставете го менито за канали во поставките за On Now .
Функцијата On Now препорачува содржини врз основа на рејтингот во реално време, а одредени содржини со низок рејтинг може да не бидат прикажани.
Понекогаш може да се прикаже кодиран канал, во зависност од типот на ТВ сигналот.
Функцијата On Now може да не функционира со одредени модели на дигитални приемници.
Доколку имате проблеми со поставувањето или функционирањето, ве молиме да ни го кажете вашиот модел на дигитален приемник на нашиот веб-сајт (http://www.lgappstv.com/ur_support ), за да можеме да преземеме соодветно дејство за да ви обезбедиме поддршка.