Користење на функцијата за препознавање на говор
Оваа функција е достапна само во одредени земји.
Користење на оваа функција преку пребарување
  1. Преминете на This is the Home button on the Magic remote control. МОИ АПЛИКАЦИИ Пребарување. Изберете ја иконата за препознавање на говор (Mic icon) лево од полето за текст.
  2. Зборувајте полека и јасно откако ќе се прикаже прозорецот за препознавање на говор.
  3. Откако ќе заврши препознавањето на говор, ќе се прикаже прозорецот Слична листа. Доколку на појавувачкиот прозорец го нема резултатот кој го сакате, притиснете Повторен обид за да се обидете повторно. Изберете го најсличниот резултат, потоа тој ќе се прикаже во полето за текст. Притиснете го копчето Пребарување за да го добиете саканиот резултат.
Користење на оваа функција на интернет
  1. Преминете на This is the Home button on the Magic remote control. МОИ АПЛИКАЦИИ Интернет. Придвижете го покажувачот на магичниот далечински управувач во полето за текст на веб-сајт за да се отвори виртуелната тастатура.
  2. Изберете ја иконата за препознавање на говор (Mic icon) лево од полето за текст на виртуелната тастатура.
  3. Зборувајте полека и јасно откако ќе се прикаже прозорецот за препознавање на говор.
  4. Откако ќе заврши препознавањето на говор, ќе се прикаже прозорецот Слична листа. Доколку на појавувачкиот прозорец го нема резултатот кој го сакате, притиснете Повторен обид за да се обидете повторно. Изберете го најсличниот резултат, потоа тој ќе се прикаже во полето за текст. Притиснете го копчето Пребарување на веб-сајтот за да го добиете саканиот резултат.
Веб-сајтот (www.lgappstv.com) не е достапен во одредени земји.
Додека препознаениот резултат е испишан во полето за текст, ако извршите повторен обид со функцијата за препознавање на говор, претходниот резултат ќе биде заменет со нов.
Можете да користите Гласовно пребарување кога ќе притиснете (Mic icon) на Далечинскиот управувач за магично движење дури и кога QWERTY тастатурата е прикажана на екранот.
Проверете ја поврзаноста со мрежата пред користењето на функцијата за препознавање на говор.
Се препорачува далечинскиот управувач да не го користите подалеку од 10 см од вашето лице.
Препознавањето на говор може да не биде успешно ако зборувате премногу брзо или бавно.
Стапката на препознавање може да се разликува во зависност од карактеристиките на корисникот (глас, изговор, интонација и брзина) и опкружувањето (шум и јачина на звук на телевизор).
За да го промените јазикот за препознавање на говор, одете на This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ОПЦИЈА Јазик (Language) Јазик за препознавање на говор.
Можете да поставите Аватар на Вклучено / Исклучено во This is the Home button on the Magic remote control. Поставки ОПЦИЈА Погледнете Аватар.
Овозможено од Naturally Speaking (DRAGON) logo