За да изберете Режим на слика
ПодесувањаСликаПараметри за режимот на сликаРежим на слика
Избирање режим на слика кој е оптимизиран за дадените услови за гледање или програмата.
Живописен | Се зголемува контрастот, осветленоста и острината за прикажување на живописна слика. |
Стандарден | Сликата се прикажува со стандардно ниво на контраст, осветленост и острина. |
Eco / APS | [Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од земјата.] Режимот Eco / APS (Автоматска заштеда на енергија) ја намалува потрошувачката на енергија со контрола на затемнувањето. |
Кино / Игра | Приказ на оптималната слика за филмови, игри и фотографии (неподвижни слики). |
Спорт / Фудбал / Cricket | [Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од земјата.] Режим на слика кој е оптимизиран за спорт. Теренот и дресовите се прикажуваат со живописни бои, со кристално јасна слика дури и кај сцените со брзи движења. |
![]() ![]() |
Мени за прилагодување на квалитетот на сликата кое на експертите и љубителите им овозможува да уживаат во најдобра ТВ слика. Ова е мени за прилагодување наменето за професионалните лица за прилагодување на слика со ISF сертификат. (ISF логото може да се користи само на телевизори со ISF сертификат.)
ISFccc: Imaging Science Foundation Certified Calibration Control |
Во зависност од влезниот сигнал, достапниот опсег на режими на слика може да се разликува.

ISF функцијата е достапна само кај одредени модели.
Промената на Режим на слика може да изврши промена на поставките Штедење енергија и Заштита на очите при движења и да влијае на потрошувачката на енергија.
Овие поставки можете да ги промените рачно во менијата Штедење енергија и Опции на слика.
Фино прилагодување на режимот на слика
ПодесувањаСликаПараметри за режимот на слика
Оваа функција ви овозможува да вршите детални прилагодувања на избраниот режим на слика.
Светло на позадина | Контрола на нивото на осветленоста на екранот преку прилагодување на светлото на позадина. Колку поблиску до 100, толку е посветол екранот.
Намалете ја Светло на позадина за да ја намалите потрошувачката на енергија.
Во зависност од опцијата Штедење енергија (Автоматски/Максимум), можеби нема да можете да ја прилагодите функцијата Заднинското осветлување.
Во тој случај, одете до ПодесувањаСликаПараметри за режимот на сликаШтедење енергија и поставете ја функцијата на Исклучено или на Минимум. |
Контраст | Прилагодување на контрастот на светлите и темните области на сликата. Колку поблиску до 100, толку е поголем контрастот. |
Светлина | Прилагодување на глобалната осветленост на екранот. Колку поблиску до 100, толку е посветол екранот. |
Острина | Прилагодување на острината на сликата. Колку поблиску до 50, толку поостра и појасна е сликата. |
Боја | Го засилува или намалува интензитетот на боите прикажани на екранот. Колку поблиску до 100, толку е подлабока бојата. |
Нијанса | Прилагодување на рамнотежата на боите меѓу црвената и зелената боја прикажани на екранот. Колку поблиску до црвено 50, толку поцрвена ќе биде бојата. Колку поблиску до зелено 50, толку позелена ќе биде бојата. |
Темп. боја | Прилагодување на температурата на боите од ладни во топли. |
Поставките кои ги наведувате важат само за тековно избраниот режим на влез.
За да ги примените тековните поставки за сликата на сите режими на влез, изберете Применете на сите влезови.
За да ги примените тековните поставки за сликата на сите режими на влез, изберете Применете на сите влезови.
Во зависност од влезниот сигнал или од другите поставки за слика, опсегот на детелните елементи за прилагодување може да се разликува.
Поставување на напредна контрола
ПодесувањаСликаПараметри за режимот на сликаНапредни контроли / Експертски контроли
Калибрирање на екранот за конкретните режими на слика или пак прилагодување на поставките за добивање на специфична слика.
Динамичен контаст | Прилагодување на контрастот кон оптималното ниво во зависност од осветленоста на сликата. |
Динамична боја | Прилагодување на боите за да може изгледот на сликата да биде со поприродни бои. |
Претпочитана боја | Прилагодување на бојата на кожата, тревата и небото кон вашите лични желби. |
Гама | Поставување на кривата за градација според излезот на сигналот за слика во однос на влезниот сигнал. |
Опсег на боја | Избор на опсегот на бои кој може да се прикаже. |
Подобрување на рабовите | Прикажува појасни и остри, а сепак природни рабови на видео записот. |
Филтер на боја | Филтрирање на специфичен спектар од RGB боите за прецизно поставување на заситеноста на боите и нијансата. |
Баланс на бела боја | Се прилагодува глобалниот тон на сликата по ваша желба. |
Систем за управување со бои | Ова е систем кој го користат експертите кога ги прилагодуваат боите со помош на тест шема. Тие може да избираат помеѓу шест подрачја на бои (црвена / зелена / сина / цијан / магента / жолта) без влијаење врз другите бои. За нормална слика, прилагодувањата може да не резултираат со забележителна промена на боите. |
Во зависност од влезниот сигнал или од другите поставки за слика, опсегот на детелните елементи за прилагодување може да се разликува.
Поставување на дополнителните опции за слика
ПодесувањаСликаПараметри за режимот на сликаОпции за сликата
Прилагодување на деталните поставки за слика.
Редукција на шум | Отстранување на шумот од сликата. |
Намалување на мпег шумот | Отстранување на шумот генериран при креирање на дигитални сигнали за слика. |
Ниво на црна боја | Се прилагодува осветлувањето и контрастот на екранот во зависност од нивото на црна боја на влезниот сигнал со користење на затемнетост (ниво на црна боја) на екранот. |
Вистинско кино | Оптимизирање на сликата за гледање на филмови. |
Заштита на очите | Автоматски ја прилагодува осветленоста и го намалува заматувањето на сликата врз база на податоците за сликата за да го намали оптоварувањето на очите.
Поставувањето на оваа опција на Исклучено може да ја зголеми потрошувачката на енергија. |
Во зависност од влезниот сигнал или од другите поставки за слика, опсегот на детелните елементи за прилагодување може да се разликува.
Ресетирање на поставките за слика
ПодесувањаСликаПараметри за режимот на сликаРесетирање на слика
Ресетирање на поставките за слика прилагодени од страна на корисникот.
Секој од режимите на слика се ресетира. Изберете го режимот на слика кој сакате да го ресетирате.
Секој од режимите на слика се ресетира. Изберете го режимот на слика кој сакате да го ресетирате.