Пред почетокот
Ако вратите на апаратот изгледаат нееднакви, следете ги упатствата долу за да ги порамните.Клучот може да се разликува во зависност од моделот. Ќе ви биде обезбеден еден од достапните клучеви.Клуч тип AКлуч тип BКлуч тип CКлуч тип D
Нивелирање на уредот
Апаратот има две предни ногарки за нивелирање. Приспособете ги за да ја променат наваленоста од напред кон назад или од една на друга страна. Ако апаратот личи на нестабилен или вратите не се затвораат лесно, приспособете ја наваленоста на апаратот со употреба на упатствата подолу.Сосема е нормално апаратот да е малку налегнат наназад, дури и ако предните ногарки се завртени до крајот.Употребете го клучот a за да ја приспособите висината со тоа што ќе ги завртите ногарките лево ако сакате да се подигне, а десно за спуштање.
Израмнување на вратата на замрзнувачот
Ако вратата на апаратот не е израмнета, прилагодете ја разликата во висината на вратата на апаратот.Отворете ја вратата и употребете го клучот a за да ја разлабавите навртката со вртење налево.Употребете го клучот b за да ја приспособите висината со тоа што ќе го завртите клинот за приспособување налево или надесно.Не приспособувајте ја висината на вратата повеќе од 3 mm.Употребете го клучот a за да ја затегнете навртката со вртење надесно.Нивелирањето на вратите може да не е возможно кога подот не е рамен, или пак е мек или има слаба конструкција.Фрижидерот е тежок и треба да се инсталира на ригидна, рамна и цврста површина.Одредени даски за под може да предизвикаат тешкотии при нивелирањето бидејќи може да се виткаат премногу.
Израмнување на левата врата на фрижидерот
Отворете ја вратата на фрижидерот и употребете го клучот c за да ја ротирате сигурносната завртка на шарката на вратата.C-прстенот (прстен на чкрапнување) може да се разликува зависно од моделот.C-прстен, тип AАко вратата е премногу ниска, кренете ја левата врата и вметнувајте ги С-прстените користејќи пар долги клешти сė додека двете врати не се нивелираат.C-прстен, тип БАко вратата е прениско, кренете ја левата врата и вметнете само еден C-прстен со соодветна дебелина.Ако C-прстенот е веќе вметнат на средната шарка, отстранете го пред да го вметнете новиот C-прстен.Вратата е тешка. За да избегнете повреди, повикајте уште едно или повеќе лица за кревање и порамнување на вратата на фрижидерот.Малите делови претставуваат опасност бидејќи децата можат да ги проголтаат. Чувајте ги C-прстените подалеку од деца.
Израмнување на десната врата на фрижидерот
Прво приспособете ја левата врата на фрижидерот.C-прстенот (прстен на чкрапнување) може да се разликува зависно од моделот.Тип AАко вратата е премногу ниска, кренете ја десната врата и вметнувајте ги С-прстените користејќи пар долги клешти сė додека двете врати не се нивелираат.Тип BАко вратата е прениско, кренете ја десната врата и вметнете само еден C-прстен со соодветна дебелина.Ако C-прстенот е веќе вметнат на средната шарка, отстранете го пред да го вметнете новиот C-прстен.Вратата е тешка. За да избегнете повреди, повикајте уште едно или повеќе лица за кревање и порамнување на вратата на фрижидерот.Малите делови претставуваат опасност бидејќи децата можат да ги проголтаат. Чувајте ги C-прстените подалеку од деца.