Што претставува Далечинскиот управувач за магично движење?

Искористете го Далечинскиот управувач за магично движењеИскористете го Далечинскиот управувач за магично движење

Можете лесно и едноставно да ги изберете саканите функции со поместување и кликнување на покажувачот на ТВ екранот, исто како што користите глувче на компјутерски екран.
Доколку не ви е испорачан Далечинскиот управувач за магично движење, можете да го купите одделно.
Впарување на Далечинскиoт управувач за магично движење
Мора да го впарите Далечинскиoт управувач за магично движење со LG webOS TV за да го користите.
Пред употреба, впарете го Далечинскиoт управувач за магично движење на следниот начин:
  1. Вклучете го телевизорот. По околу 20 секунди, насочете го далечинскиот управувач кон телевизорот и потоа притиснете Тркалце (OK).
  2. Далечинскиот управувач автоматски ќе се регистрира, и на ТВ екранот автоматски ќе се прикаже порака за завршување на впарувањето.
Ако не успеете да го регистрирате Далечинскиoт управувач за магично движење, исклучете го телевизорот и обидете се повторно.
Пререгистрирање на Далечинскиoт управувач за магично движење
Ако покажувачот на Далечинскиот управувач за магично движење не се прикажува на телевизорот, морате да го пререгистрирате.
  1. Држете го притиснато копчето GUIDE во траење од околу 5 секунди кон телевизорот.
  2. Претходно регистрираниот далечински управувач ќе се дерегистрира и потоа повторно ќе се регистрира.