Kористење на Далечински управувач на екран
Можете да ги контролирате надворешните уреди поврзани на телевизорот со помош на Далечинскиот управувач на екран прикажан на ТВ екранот.
  1. Притиснете го копчето Далечински управувач на екранДалечински управувач на екран на Далечинскиот управувач за магично движење.
  2. Со помош на Далечинскиот управувач, магично изберете го саканото копче на Далечинскиот управувач на екран прикажано на ТВ екранот.

Далечински управувач на екранДалечински управувач на екран

  1. Конфигурирајте ја опцијата Постави универзална контрола за надворешните уреди поврзани на телевизорот.
    Кога ќе изберете уред, Далечинскиот управувач на екран се претвора во далечински управувач за уредот.
    Доколку е поврзан sound bar - звучен систем, Далечинскиот управувач на екран може да се користи како далечински управувач за sound bar - звучниот систем.
    За повеќе информации, погледнете во Како да ракувате со телевизорот Универзален далечински управувач во Водич за корисници.
  2. Во долниот дел на екранот ќе се прикажат разни информации поврзани со програмата која ја гледате во моментот.
    Оваа функција е достапна само во одредени земји.
    За да ги видите деталите, кликнете Уживајте во телевизија во живо Користење на функцијата Магична Врска во ’ Водич за корисници.
  3. Можете да го снимите вашиот ТВ екран.
    Оваа функција е достапна само кај одредени модели.
    Можете да ги погледнете / избришете снимените слики од екранот во апликацијата Фотографии и видеа.
    Можете да ги копирате снимените слики од екранот на USB уред за складирање во апликацијата Фотографии и видеа.
    (Оваа функција е достапна само во одредени земји.)
  4. Можете да зумирате одредени делови од екранот со помош на функцијата Фокусирање на зумот.
    За повеќе информации, погледнете во Предности на Smart TV Зголемување на саканиот дел од сликата во Водич за корисници.
  5. Ќе се појават копчињата кои се соодветни за избраниот уред.
  6. Ќе видите повеќе копчиња на далечинскиот управувач.
  7. Можете да ја активирате апликацијата ПРИКЛУЧОК НА УРЕД. Можете да го поставите универзалниот далечински управувач.
  8. Можете да ја промените позицијата на далечинскиот управувач на екранот.
Оваа функција може да се користи само со Далечинскиот управувач за магично движење.
Доколку не ви е испорачан Далечинскиот управувач за магично движење, можете да го купите одделно.
Видот на копчињата кои се појавуваат на Далечинскиот управувач на екран се разликуваат во зависност од регионот и типот на поврзаниот уред.
Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од моделот или земјата.