Поставување на универзална контрола
Со помош на Далечинскиот управувач за магично движење, можете да управувате со дигитални приемници, Blu-ray плеери, системи за домашно кино, итн.
  1. Проверете дали уредот кој сакате да го поставите е поврзан со вашиот телевизор.
  2. Притиснете го копчето ПОЧЕТОКПОЧЕТОК на далечинскиот управувач и изберете Копче за влезКопче за влез во горниот десен дел.
    (Притиснете го копчето Избор на влезИзбор на влез на далечинскиот управувач.)
  3. Изберете Сите влезови и одете во Влезови.
  4. Изберете го режимот на влез на кој е поврзан уредот во Влезови.
  5. Доколку притиснете Постави универзална контрола, можете да ја поставите универзалната контрола. Следете ги упатствата на екранот за да го завршите поставувањето.
Доколку сакате да ги промените или откажете поставките за универзалната контрола, одете во ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Копче за влезКопче за влез Сите влезови и изберете Уреди универзална контрола.
Исто така, можете да ја поставите и универзалната контрола преку ПОЧЕТОКПОЧЕТОК ПРИКЛУЧОК НА УРЕД.
Оваа функција може да се користи само со Далечинскиот управувач за магично движење.
Доколку не ви е испорачан Далечинскиот управувач за магично движење, можете да го купите одделно.
Оваа функција е достапна само во одредени земји.
Кога ги менувате поставките, проверете дали уредот на кој треба да се извршат промените е вклучен.
Можете да поставувате само еден уред од одреден тип.
Ако се поврзете на мрежа пред поставување на универзалната контрола, ќе биде достапно најновото ажурирање за поддржаната листа на производители.
Одредени копчиња може да не функционираат во зависност од моделот на надворешниот уред.
За полесно управување поставете го уредот во близина на телевизорот.
Ако пред уредот има некаква пречка, тој нема да може правилно да добива сигнал. Ако уредот е во фиока, отворете ја фиоката.