Користење на функциите на телевизорот преку говор
Можете лесно и брзо да пристапите на различните функции на телевизорот преку препознавањето на говорот.
  1. Притиснете и задржете на копчето МикрофонМикрофон на далечинскиот управувач и изговорете ја функцијата која сакате да ја активирате или клучниот збор кој сакате да го искористите за вашето пребарување.
  2. Откако ќе го ослободите копчето МикрофонМикрофон по внесувањето на говорот, се активира соодветната функција.

Препознавање на гласПрепознавање на глас

Оваа функција е достапна само кај одредени модели или во одредени земји.
За правилно користење на оваа функција, вашиот Јазик за гласовно пребарување и Јазик на менито мора да бидат поставени на истиот јазик. Вашиот Локација мора да се совпаѓа со јазикот за да добиете точни резултати од пребарувањето. Некои функции може да не се достапни ако подесувањата за локација и за јазик се различни.
Можете да го промените јазикот на препознавањето на говорот во ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Општо Јазик (Language) Јазик за гласовно пребарување.
Деталите за услугата може да варираат во зависност од земјата.
Имајте на ум дека услугата AI може да претрпи измени, да биде отстранета или укината без претходно навестување од LGE или од операторите од трети страни.
Притиснете го копчето МикрофонМикрофон на далечинскиот управувач за да погледнете примери од функциите кои можете да ги користите со гласовни наредби.
Достапни функции
Користи ТВ функции
Гледа TV
Исклучи го ТВ-от / Зголеми/намали јачина на звук / Програма нагоре/надолу / Канал 20 (број на канал) / Канал OOO (име на канал) / Пушти „OOO (име на програма)“ / Покажи ми кога ќе започне „OOO (име на програма)“ / Снимај го „OOO (име на програма)“ / Вклучи Live Playback
Промени начини на внесување
Прикажи ми ја листата со влезни информации / HDMI 1 / Префрли се на конзолата за игри / Префрли се на дигиталниот приемник
Измени ги поставките
Осветли/затемни екран / Направи го екранот поживописен / Режим на слика како во кино (опција за режим на слика) / 16:9 сооднос на графички приказ (опција на сооднос на графички приказ) / Стандарден режим на звук (опција за режим на звук) / Промени во режим за игри / Поврзи Bluetooth / Промени во HDMI ARC (опција за звучен излез) / Исклучи го ТВ по 30 минути / Вклучи Опис на видео / Вклучи Звучни упатства / Вклучи Затворено објаснување
Оди во функции/апликации
Почеток / Неодамнешни / БРЗ ПРИСТАП / Параметри / Поставки за слика / Поставки за звук / Поставки за канал / Поставки за мрежа
Пребарај од ТВ
Пребарај ТВ програми и VOD
Пребарувај „OOO (име на програма)“ / Пребарувај ТВ програми во кои глуми „OOO (име)“ / Прикажи ми филмови / Покажи ми ги ТВ програмите што започнуваат во 19 часот / Препорачај ми нешто за гледање
Пребарај повеќе информации за содржината
Пронајди музика за филмови од „OOO (име на програма)“ / Кој е режисерот на „OOO (име на филм)“? / Покажи ми го дејството во „OOO (име на програма)“
Пребарај во моја содржина
Прикажи ми мои фотографии / Пушти моја музика / Пушти ја снимката од „OOO (име на програма)“
Пребарај други информации
Кој е „OOO (име)“? / Какво е времето денес? / Колку е сега часот во „OOO (име на регион)“?
Пребарај од Водич за корисник
Пронајди „OOO (име на функција)“ од Водичот за корисници
Мерки на претпазливост за препознавањето на говор
За гласовното пребарување е потребен Далечински управувач за магично движење, кој може да не биде поддржан кај одредени модели.
За да ги користите сите функции на препознавањето на говор, потребно е да ја поставите вашата мрежа, каналите, регионот итн. Во спротивно, нема да можете да користите одредени функции.
Доколку не сте поврзани на мрежа, можеби нема да можете да користите одредени функции за промена на каналите користејќи ги имињата на каналите.
Доколку имате мрежно поврзување, потребно е да ги прифатите одредбите и условите за да го користите препознавањето на говор.
За контрола на дигиталниот приемник поврзан на телевизорот со помош на функцијата за гласовно препознавање, одете во делот ПОЧЕТОКПОЧЕТОК ПРИКЛУЧОК НА УРЕД за да ја наместите функцијата Universal Control.
По изговарањето на гласовната команда, препорачуваме магичниот далечински управувач да го насочите кон приемник.
Успешноста на препознавањето на говорот може да се разликува во зависност од карактеристиките на корисникот (јачина на гласот, изговор, акцент и брзина на зборување) и опкружувањето (бучава и јачина на звук на телевизор).
За да постигнете прецизно препознавање на вашиот говор, мора да ги изговарате зборовите на бавен и правилен начин со соодветна јачина на гласот на растојание од приближно 10 cm од микрофонот на Далечинскиот управувач за магично движење.
Доколку вашиот говор не биде правилно препознаен, препознавањето на говорот можеби функционира на различен начин од замислениот.