Горе > РАБОТЕЊЕ > Контролна табла > Поставување на нивото на температурата за замрзнување (1-5)

Поставување на нивото на температурата за замрзнување (1-5)

Температурата може да се приспособи од ниво 1 на ниво 5. Се препорачува ниво 3.

  • Можете да ја спуштите температурата со вртење на контролата кон десно и да ја покачите со вртење кон лево.

  • Ако ја поставите контролата на ниво 4-5, ќе се одржува ниска температура во замрзнувачот. Кога ќе заврши брзото замрзнување (ниво 5), поставете ја на препорачаното ниво.

НАПОМЕНА
  • За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување на стандардната температура за едно ниво.

  • Почекајте 2 до 3 часа по приклучувањето на апаратот во струја пред да ставите храна во него.

  • Локацијата на апаратот, амбиенталната температура, фреквенцијата на отворањето на вратата итн. може да влијаат на внатрешните температури.