Горе > РАБОТЕЊЕ > Контролна табла > Контролна табла и функции

Контролна табла и функции

*1

Оваа функција е достапна само за некои модели.

  1. Express Frz.

    Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.

    • Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.

    • Оваа функција автоматски завршува по одреден период.

  2. Freezer

    Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу -23 °C и -15 °C.

    • Стандардната температура на замрзнувачот е -18 °C.

  3. Fridge

    Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 1 °C и 7 °C.

    • Стандардната температура на фрижидерот е 3 °C.

    НАПОМЕНА
    • Реалната внатрешна температура варира во зависност од статусот на храната, бидејќи наведеното подесување за температура е целната температура, а не реалната температура во апаратот.

  4. Water Filter*1

    Заменете го филтерот за вода кога ќе светне индикаторот.

  5. Non Plumbing*1

    Иконата Non Plumbing свети кога резервоарот на диспензерот за вода е правилно монтиран.

  6. Lock

    Фукнцијата за заклучување ги оневозможува сите други копчиња на екранот.

    • За да ги заклучите копчињата на контролната табла, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се вклучи индикаторската сијаличка и не се активира функцијата.

    • За да ја исклучите функцијата, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се исклучи индикаторската сијаличка и не се деактивира функцијата.

  7. Тип на вода и мраз

    Изберете го посакуваниот режим на диспензерот со копчињата на контролната табла на диспензерот. Притиснете на прекинувачот на диспензерот со чаша или друг сад за да добиете коцки мраз, вода или издробен мраз.

НАПОМЕНА
  • За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување од 1 °C на стандардната температура за секоја преграда.

  • Прикажаната температура е целната температура, а не актуелната температура во апаратот.

  • Актуелната температура во апаратот зависи од следните фактори: собната температура, количината на храна и колку често се отвораат вратите, локацијата на апаратот. Поставувајте температура земајќи ги предвид овие фактори.

  • Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.

  • Апаратот има заземјено поврзување наменето само за функционални цели.