Оваа функција е достапна само за некои модели.
Fridge
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 1 °C и 7 °C.
Стандардната температура на фрижидерот е 3 °C.
Реалната внатрешна температура варира во зависност од статусот на храната, бидејќи наведеното подесување за температура е целната температура, а не реалната температура во апаратот.
Freezer
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу -23 °C и -15 °C.
Стандардната температура на замрзнувачот е -18 °C.
Wi-Fi*1
Ова копче овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа. Погледнете ги паметните функции за информации околу првичното поставување на апликацијата LG ThinQ.
Express Cool
Оваа функција може брзо да излади голема количина на храна, како што е зеленчук, овошје и друго.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
Оваа функција автоматски завршува по одреден период.
Express Freeze
Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.
Притиснете го копчето Express Freeze за да се активира функцијата во траење од 20 часа. Функцијата автоматски се исклучува по 20 часа.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
Оваа функција автоматски завршува по одреден период.
Lock
Фукнцијата за заклучување ги оневозможува сите други копчиња на екранот.
За да ги заклучите копчињата на контролната табла, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се вклучи индикаторската сијаличка и не се активира функцијата.
За да ја исклучите функцијата, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека не се исклучи индикаторската сијаличка и не се деактивира функцијата.
За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување од 1 °C на стандардната температура за секоја преграда.
Прикажаната температура е целната температура, а не актуелната температура во апаратот.
Актуелната температура во апаратот зависи од следните фактори: собната температура, количината на храна и колку често се отвораат вратите, локацијата на апаратот. Поставувајте температура земајќи ги предвид овие фактори.
Контролната табла се исклучува автоматски за да заштеди енергија.
Кога апаратот е во режим за заштеда на енергија, дисплејот останува исклучен сѐ до отворањето на вратата или притискањето на копчето. Штом се вклучи, дисплејот останува вклучен 20 секунди.
Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.
Апаратот има заземјено поврзување наменето само за функционални цели.