Оваа функција е достапна само за некои модели.
Fridge
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 1 °C и 7 °C.
Стандардната температура на фрижидерот е 3 °C.
Super Cool
Оваа функција може брзо да излади голема количина на храна, како што е зеленчук, овошје и друго.
Freezer
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу -15 °C и -23 °C.
Стандардната температура на замрзнувачот е -18 °C.
Super Freeze
Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.
Оваа функција автоматски завршува по одреден период.
Кога е вклучен овој режим, може да се зголеми бучавата и потрошувачката на енергија.
Vacation
Оваа функција е корисна кога сте на одмор. Кога е вклучена функцијава, температурата на фрижидерот е 7 °C, а на замрзнувачот -15 °C. Кога е исклучена функцијава, температурата на фрижидерот и замрзнувачот се враќа на претходните поставки.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
Кога е вклучена функцијава, не работат другите копчиња освен копчето Wi-Fi.
Кога функцијава е вклучена, внимавајте во однос на складирањето храна за која е потребна пониска температура од стандардната.
Кога ќе се вратите дома, запомнете да ја исклучите функцијава за да се отклучат другите копчиња и вратете го фрижидерот на претходните поставки за температура.
Wi-Fi*1
Ова копче овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа. Погледнете ги SMART FUNCTIONS за информации околу првичното поставување на апликацијата LG ThinQ.
За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување на стандардната температура за секоја преграда за 1 °C или едно ниво.
Контролниот панел ќе се исклучи автоматски додека е затворена вратата.
Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.