Горе > РАБОТЕЊЕ > Автомат за мраз > Пред употреба на внатрешниот автомат за мраз

Пред употреба на внатрешниот автомат за мраз

  • Автоматот за мраз произведува мраз нормално откако ќе поминат околу 48 часа од првичното инсталирање на апаратот.

  • Ако корпата за мраз е целосно полна со мраз, производството на мраз ќе се прекине.

  • Звукот на паѓање на мразот во корпата е нормален.

  • Ако коцките мраз се чуваат во корпата за мраз подолг период, тие може да се залепат и да не можат лесно да се одвојат. Во таков случај, испразнете ја корпата и дозволете да се направи свеж мраз.

ВНИМАНИЕ
  • По заменувањето на филтерот за вода нормално е да се диспензира млечна или заматена вода. Тоа е воздух во водата, ќе се избистри за одредено време и е безбеден за пиење.

  • Првиот мраз и вода што ќе бидат диспензирани може да содржат честички или миризби од линијата за снабдување со вода или од резервоарот за вода.

  • Ако се исфрла безбоен мраз, проверете го резервоарот за вода и изворот на снабдувањето со вода. Ако проблемот продолжи да се јавува и понатаму, стапете во контакт со Центарот за информации за клиенти на LG Electronics. Не користете го мразот или водата додека не го решите проблемот.

  • Не допирајте го отворот за мраз или автоматот за мраз со раце или со алат.

  • Диспензирајте мраз во чаша пред да ја наполните со вода или друг пијалак. Може да се прелее течноста ако мразот го ставите во чаша која е веќе полна со течност.

  • Никогаш не користете чаша што е екстремно тесна или длабока. Мразот може да се заглави во преминот за мраз, влијаејќи при тоа на работата на апаратот.

  • Држете ја чашата на соодветно растојание од отворот за мраз. Чаша што е многу блиску поставена до отворот може да го спречи исфрлањето мраз.

  • Ставете го мразот во кутијата за мраз ако одите на одмор или ако се случи подолг прекин на електричната енергија. Водата од истопениот мраз може да капе од диспензерот на подот.