Автоматот за мраз не произведува мраз или произведува само мала количина мраз.
Дали сте го монтирале апаратот неодамна?
Автоматот за мраз произведува мраз нормално откако ќе поминат околу 48 часа од инсталирањето на апаратот.
Ако температурата во преградата на фрижидерот е премногу ниска, филтерот за вода може да замрзне и да го блокира протокот на вода до автоматот за мраз.
Дали сте ја поврзале цевката за довод на вода до апаратот и сте го отвориле вентилот за снабдување?
Поврзете ја цевката за довод на вода до апаратот и целосно отворете го вентилот за снабдување.
Дали е превиткано цревото за снабдување со вода?
Ако цревото за снабдување со вода е превиткано, нарушен е протокот на вода.
Дали неодамна сте испуштиле поголема количина мраз?
Потребни се околу 24 часа за да се произведе поголема количина мраз во автоматот за мраз. Почекајте.
Дали го имате поставено прекинувачот на апаратот за мраз или автоматот за мраз на положба ВКЛУЧЕНО на контролната табла?
Притиснете го прекинувачот I на автоматот за мраз или поставете го копчето за автоматот за мраз на ON на контролната табла. (За повеќе детали за употребата, посетете ја веб-страницата на LG Electroncis или користете го вашиот паметен уред).
Дали температурата на замрзнувачот е многу висока?
Ако температурата е многу висока, мразот ќе се произведува бавно или пак воопшто нема да се произведува. Поставете ја температурата на замрзнувачот на -18 °C за автоматот за мраз да функционира нормално.
Дали сте ја отворале често вратата на апаратот?
Ако сте ја отворале вратата на апаратот често, ладниот воздух ќе излезе надвор, и ќе ја намали брзината на правење мраз. Не отворајте ја и не затворајте ја вратата на апаратот многу често.
Дали вратата на апаратот е целосно затворена?
Ако вратата на апаратот не е целосно затворена, температурата на замрзнувачот ќе се зголеми и ќе го забави производството на мраз. Затворете ја вратата на апаратот целосно.
Не излегува мраз.
Не можете да чуете звук дека излегува мраз?
За да излезе мраз наизменично одбирајте ги режимите за коцки мраз и скршен мраз во контролниот панел.
Дали патеката на мразот е блокирана? (Може да го проверите каналот за мраз со одвојување на корпата за мраз.)
Доколку каналот е блокиран може да не излегува мраз на правилен начин. Проверете го мразот и редовно чистете ја патеката на мразот.
Не излегува вода.
Можеби е исклучен вентилот за снабдување со вода. (Само модели со водоводна инсталација)
Отворете го вентилот за снабдување со вода.
Проверете дали температурата во преградата на фрижидерот е премлногу ниска, во тој случај филтерот за вода може да замрзне и да го блокира протокот на вода до диспензерот.
Можеби е празен резервоарот за вода на диспензерот (Само модели без водоводна инсталација)
Наполнете го резервоарот за вода на диспензерот.
Дали е затворен вентилот за снабдување со вода? (Само модели со водоводна инсталација)
Отворете го вентилот за снабдување со вода.
Дали користите нефилтрирана вода?
Нефилтрираната вода може да содржи голема количина на различни тешки метали или надворешни супстанции, така што филтерот може да се затне предвреме, без оглед на животниот век на филтерот.
Водата има чуден вкус.
Дали вкусот на водата е различен во споредба со вкусот на водата од претходниот систем за прочистување на водата?
Дали прочистената вода или ладната вода не сте ја користеле подолг временски период?
Дали е поминато долго време откако сте го монтирале и замениле филтерот?
Ако му е истечен рокот на филтерот, може да опадне квалитетот на прочистувањето. Се препорачува филтерот да го заменувате согласно периодот за заменување на филтерот.
Дали сте ги исплакнале филтерот во почетната фаза по неговото монтирање?
Кога монтирате или заменувате филтер за првпат, треба да ги отстраните воздухот и остатоците од активен јаглен од внатрешноста на филтерот. Користете го апаратот по испуштање и празнење на околу 5 литри прочистена вода од диспензерот со притискање на рачката за диспензирање вода. Активиран (јагленот не е штетен за луѓето).
Дали прочистената вода или ладната вода не сте ја користеле подолг временски период?
Вкусот на отстоената вода може да се промени поради размножувањето на бактерии во неа. Користете го производот откако сте диспензирале и испразниле околу 5 литри (околу 3 минути) вода од диспензерот.