Оваа функција е достапна само за некои модели.
Тип 1
Тип 2
Тип 3
Куќиште
LED светилка
LED светилките во внатрешноста на производот се палат кога ќе ја отворите вратата на фрижидерот.
Полица за вино
За складирање шишиња вино или пијалаци. Може да се извади за чистење.
Полица на фрижидер
За складирање храна на која и е местото во фрижидер, како и свежа храна.
Храната што содржи повеќе влага складирајте ја на предниот дел од полицата.
Висината на полицата може да се регулира преку вметнување на полицата во друг процеп со различна висина.
Бројот на полици се разликува од модел до модел.
Горна фиока за свежи работи*1
За складирање овошје и зеленчук за да останат свежи подолго.
Во оваа фиока можете да постигнете пониска температура за складирање на риба, месо и друга лесно расиплива храна.
Капак на фиока за свежи работи
Служи за контрола на температурата на фиоката за свежи работи и спречува загуба на влага на зеленчукот.
Можете да ја прилагодите лизгачката лента на капакот на фиоката за свежи работи за да ги задржите различните нивоа на влажност во фиоката.
Повлечете ја лизгачката лента налево за задржување на поголема влажност, што може да ги задржи зеленчукот и овошјето свежи подолго, и надесно за задржување на помала влажност.
Фиока за свежи работи
За складирање овошје и зеленчук за да останат свежи подолго.
Горна фиока*1
Средна фиока
За складирање замрзната храна на подолго време.
Долна фиока
За складирање замрзната храна на подолго време.
Прилагодливи ногалки
Врата на фрижидерот
Заптивка на врата на фрижидерот
Горна корпа на вратата
За складирање мали пакувања храна, пијалоци и садови со сосови.
Средна корпа на вратата*1
Долна корпа на вратата*1
За складирање мали пакувања храна, пијалоци и садови со сосови.
Рачка
Врата на замрзнувачот
Заптивка на вратата на замрзнувачот
Дополнителен прибор*1
Тацна*1
Поради непрекинатото модифицирање на нашите производи, некои делови од вашиот фрижидер може да бидат малку различни од ова упатство за користење, но неговите функции и начините на користење остануваат исти.
За да добиете повеќе простор во замрзнувачот, можете да ги отстраните фиоките (освен долната фиока). За да ја искористите најдобро енергија на овој производ, ставете ги сите полици и фиоки на нивната првобитна положба, како што е прикажано на илустрацијата горе.