Горе > РАБОТЕЊЕ > Контролна табла > Контролна табла и функции

Контролна табла и функции

  1. Копче за приспособување на температурата

    Притискајте го копчето a постојано за да ја изберете саканата температура меѓу 2 °C и 8 °C.

    Панелот за приказ ќе ги прикаже соодветните вредности според следната низа.

    • 8 ℃ ~ 6 ℃ ~ 5 ℃ ~ 4 ℃ ~ 3 ℃ ~ 2 ℃ ~ Vacation ~ 8 ℃.

    НАПОМЕНА
    • Кога ќе светне иконата Vacation c, се активира режимот за одмор. Проверете ги упатствата за режимот Vacation c.

    • За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување од 1 °C на стандардната температура.

  2. Express Freeze

    Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.

    Притиснете го копчето за Приспособување на температурата a во траење од 3 секунди за да влезете во режимот за брзо замрзнување.

    • Кога е избран режимот за брзо замрзнување, светлото ќе се запали и температурата на замрзнувачот ќе се постави на -24 ℃.

    • Брзото замрзнување автоматски се исклучува по 52 часа, а потоа поставката за температура на замрзнувачот ќе се врати на претходната поставка.

  3. Vacation

    Ако бидете отсутни подолг временски период, притискајте го копчето за приспособување на температурата a повеќепати додека не светне иконата за одмор.

    • Кога ќе се активира режимот за одмор, светлото ќе засвети. Температурата на замрзнувачот ќе биде поставена на -18 ℃, а температурата на фрижидерот на 15 ℃.

    ВНИМАНИЕ
    • Во овој период не чувајте храна во фрижидерот.

  4. Power

    Копчето POWER го запира ладењето на воздухот.

    Притиснете и задржете го копчето POWER во траење од 3 секунди за да ја прекинете функцијата за ладење. Кога функцијата е запрена, екранот е исклучен. Користете ја оваа функција за сервис или продолжен одмор.