Следете ги упатствата подолу за да го користите методот за звучна дијагностика.
Стартувајте ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја функцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата за звучна дијагностика дадени во апликацијата LG ThinQ.
Притиснете го копчето Старт во траење од 3 секунди.
Ако екранот е заклучен, мора да го деактивирате заклучувањето и потоа повторно да го активирате.
Ставете го микрофонот на телефонот во близина на горниот лев агол на екранот.
Држете го телефонот во позиција додека не заврши пренесувањето на тонот. На екранот ќе почне да одбројува време. Штом заврши одбројувањето и тоновите запрат, дијагнозата ќе се прикаже во апликацијата.
За најдобри резултати, не помрднувајте го телефонот додека се пренесуваат звуците.