Што претставува Далечинскиот управувач за магично движење?

Use Magic Remote

Можете лесно и едноставно да ги изберете саканите функции со поместување и кликнување на покажувачот на ТВ екранот, исто како што користите глувче на компјутерски екран.
Доколку не ви е испорачан Далечинскиот управувач за магично движење, можете да го купите одделно.
За одредени модели, мора да поврзете Wi-Fi/Bluetooth предавател (испорачан како дополнителна опрема или одделно) за да ја користите оваа функција.
Впарување на Далечинскиoт управувач за магично движење
Мора да го впарите Далечинскиoт управувач за магично движење со LG webOS TV за да го користите.
Пред употреба, впарете го Далечинскиoт управувач за магично движење на следниот начин:
  1. Поврзете Wi-Fi/Bluetooth предавател на телевизорот.
  2. Вклучете го телевизорот. По околу 20 секунди, насочете го далечинскиот управувач кон телевизорот и потоа притиснете тркалце (OK).
  3. Далечинскиот управувач автоматски ќе се регистрира, и на ТВ екранот автоматски ќе се прикаже порака за завршување на впарувањето.
Ако не успеете да го регистрирате Далечинскиoт управувач за магично движење, исклучете го телевизорот и обидете се повторно.
Пререгистрирање на Далечинскиoт управувач за магично движење
  1. Држете го притиснато копчето EXIT во траење од околу 5 секунди кон телевизорот.
  2. Претходно регистрираниот далечински управувач ќе се дерегистрира и потоа повторно ќе се регистрира.
Користење на Далечинскиот управувач за магично движење
Протресете го Далечинскиот управувач за магично движење во насока кон телевизорот за да се појави покажувачот на ТВ екранот.
Доколку го поместите далечинскиот управувач кон саканата насока, покажувачот го следи движењето.
Поместете го покажувачот кон саканата локација и притиснете го копчето тркалце (OK) за да ја извршите функцијата.
Ако покажувачот не се користи одредено време, тој ќе исчезне. Кога покажувачот ќе исчезне од екранот, протресете го Далечинскиот управувач за магично движење надесно и налево. Потоа, тој повторно ќе се појави.
Ако покажувачот не функционира правилно, тогаш можете да го ресетирате покажувачот со тоа што ќе го поместите до работ на екранот.
Покажувачот ќе исчезне ако ги притиснете копчињата за горе, долу, лево или десно и далечинскиот управувач ќе работи како конвенционален далечински управувач.
Далечинскиот управувач користете го во рамките на наведениот опсег (до 10 метри). Можно е да се појават проблеми во комуникацијата кога уредот се користи надвор од опсегот на покривање или доколку има пречки во рамките на опсегот на покривање.
Можно е да се појават проблеми во комуникацијата при користење на дополнителна опрема. Уредите како микробрановите печки или безжичните LAN мрежи го користат истиот фреквентен опсег (2,4 GHz) како и Далечинскиот управувач за магично движење. Ова може да предизвика проблеми во комуникацијата.
Ударите може да предизвикаат неправилно функционирање на Далечинскиот управувач за магично движење.
Кога го употребувате Далечинскиот управувач за магично движење, внимавајте да не го удрите во мебел, електронска опрема или во други луѓе.