Користење на дигитален телетекст
Притиснете го копчето TEXT на далечинскиот управувач.
[Само во В.Британија/Ирска]
Телевизорот ви нуди пристап до дигитален телетекст кој се одликува со подобрен текст, графика итн. во однос на стариот аналоген телетекст. До овој дигитален телетекст може да се пристапи преку специјални и посебни услуги за емитување дигитален телетекст.
Услугата за дигитален телетекст е овозможена од големите телевизиски компании како BBC , iTV итн..
Услугата за дигитален телетекст е направена според MHEG.
Кога телевизиските компании ги создаваат најновите MHEG содржини, со црвеното копче на далечинскиот управувач може да се пристапи на дигиталниот телетекст. Освен тоа, и со копчето 'TEXT' може да се пристапи на дигиталниот телетекст.
Телетекст во рамките на дигиталната услуга
  1. Притиснете нумеричко копче или копчето Page за избор на одредена услуга, која емитува дигитален телетекст.
  2. Следете ги упатствата на дигиталниот телетекст и преминете на следниот чекор со притиснување на TEXT, копчињата за навигација, црвеното, зеленото, жолтото, синото или копчињата со БРОЕВИ итн.
  3. Притиснете го бројот или копчето Page за користење на различна услуга на дигитален телетекст.
Телетекст во дигиталната услуга
  1. Притиснете нумеричко копче или копчето Page за избор на одредена услуга, која емитува дигитален телетекст.
  2. Притиснете го копчето TEXT или едно од копчињата во боја за да вклучите телетекст.
  3. Следете ги упатствата на дигиталниот телетекст и преминете на следниот чекор со притиснување на копчињата за навигација, црвеното, зеленото, жолтото, синото или копчињата со БРОЕВИ итн.
  4. Притиснете го копчето TEXT или едно од копчињата во боја за да го исклучите дигиталниот телетекст и да продолжите да гледате телевизија.