Репродукција на звук преку внатрешните звучници на телевизорот


ЗвукЗвучен излезВнатрешен ТВ-звучник Звукот се репродуцира преку внатрешните звучници на телевизорот
Репродукција на звук преку надворешен аудио уред поврзан на дигитален оптички приклучок или на HDMI (ARC) приклучок


ЗвукЗвучен излезАудио излез (Oптички/HDMI ARC) Звукот на телевизорот се репродуцира преку надворешен аудио уред поврзан на дигитален оптички приклучок или на HDMI (ARC) приклучок. Овозможете SIMPLINK за да репродуцирате звук преку HDMI (ARC).
Доколку изберете Исклучено кога е овозможен SIMPLINK, поставувањето на аудио излезот се враќа на зададеното поставување со цел да се осигура непрекинат аудио излез.
Конфигурирање на поставките на дигиталниот звучен излез


ЗвукЗвучен излезАудио излез (Oптички/HDMI ARC)Дигитален излезен звук Можете да ги конфигурирате поставките за Дигитален излезен звук.
Овие поставки се достапни само кога е избран надворешен аудио уред (дигитален оптички или HDMI ARC)/внатрешни звучници на телевизорот + надворешен аудио уред (дигитален оптички).
| Влезен звук | Дигитален звучен излез | |
| Автоматски | MPEG | PCM |
| Dolby Digital | Dolby Digital | |
| Dolby Digital Plus | Dolby Digital | |
| HE-AAC | Dolby Digital | |
| DTS | DTS / PCM | |
| DTS Express | PCM | |
| DTS-HD MA | PCM / DTS | |
| PCM | Сè | PCM |
Поврзување и користење на аудио уред кој поддржува LG синхронизација на звук
Можете да уживате во побогат ТВ звук со поголема практичност со поврзување на LG аудио уред кој го носи логото
.
. Поврзување на дигиталниот оптички приклучок


ЗвукЗвучен излезLG синхронизација на звук (Oптичка) Поврзете го вашиот LG аудио уред на дигиталниот оптички аудио излезен приклучок.
Достапно само кај моделите со дигитални оптички приклучоци.
Можете да го употребите далечинскиот управувач од телевизорот за прилагодување на јачината на звукот на поврзаниот уред.
Користење на надворешни аудио уреди (аудио излез)/слушалки


ЗвукЗвучен излезАудио излез (Линиски излез) / Слушалки Изберете Слушалки или Аудио излез (Линиски излез) за да го оптимизирате аудио излезот во согласност со поврзаниот уред.
Одредени модели може да ја поддржуваат само опцијата за Слушалки.
Ако поврзете слушалки додека телевизорот е вклучен, тој автоматски ќе ги открие слушалките и ќе го пренасочи звукот преку нив.
Оваа функција е достапна само кај одредени модели или во одредени земји.
Истовремена репродукција на звук преку внатрешните звучници на телевизорот и надворешниот аудио уред
Звукот може да се репродуцира преку повеќе уреди истовремено.
Користење на внатрешен ТВ звучник + слушалки


ЗвукЗвучен излезВнатрешен ТВ-звучник + слушалки Звукот истовремено се репродуцира преку внатрешните звучници на телевизорот и Слушалки.
Ако поврзете слушалки додека телевизорот е вклучен, тој автоматски ќе ги открие слушалките и ќе го пренасочи звукот преку нив.
Оваа функција е достапна само кај одредени модели или во одредени земји.
Можете да ја прилагодите јачината на звукот на слушалките со Далечинскиот управувач на екран.
Користење на внатрешен ТВ звучник + аудио излез


ЗвукЗвучен излезВнатрешен ТВ-звучник +Aудио излез (Oптички) Звукот истовремено се репродуцира преку вградените звучници на телевизорот и аудио уредот кој е поврзан на дигиталниот оптички аудио излезен приклучок.